mico nas

Во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа специјална проекција на „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски долгометражен анимиран филм. На проекцијата беа присутни и режисерот Гоце Цветановски, арт директорот на филмот, битолчанецот Михајло Димитриевски познат како Тхе Мичо, како и дел од екипата која го анимираше филмот.

animiran film 3
Фото: Саше богоевски
animiran film 2
Фото: Саше богоевски

Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан – робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, ќе настане хаос. Двајцата ќе ги здружат силите за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција.

jon

„За мене многу значи што се смеете и штом сте си заминале насмеани, значи сме завршиле добра работа. Голема благодарност до битолчанецот, Мичо, овој филм беше инспириран од неговата имагинација, сите овие негови ликови кои веќе беа создадени од него, беа „виновни“ за да настане приказната“, изјави режисерот Гоце Цветановски веднаш после завршувањето на проекцијата.

animiran film 4
Фото: Саше богоевски

Веднаш потоа во малата сала продолжи дискусијата со екипата. Филмот моментално се прикажува низ Македонија, беше промовиран во Шпанија и Бразил каде предизвика огромен интерес, а се најавува и негово прикажување и не само во соседните земји, туку и малку пошироко.

„Одлични беа реакциите и после филмот излегуваат со позитивна мисла, и тоа ни беше целта, Иако филмот крие посериозна позадина, дека треба да се мисли позитивно и има антивоена порака, но целта беше да се направи еден лежерен филм кој може да го гледаш без многу филозофирање и да се забавуваш, тие час и половина да ги заборавиш грижите и да се смееш колку можеш. Гледавме да има хумор и шеги и за деца и за возрасни“, рече Цветановски.

animiran film 6
Фото: Саше богоевски

Тхе Мичо е познат илустратор и арт директор по повеќе проекти, а овој филм се надева дека ќе успее да поттикне некого да ја извади својата креативност и желба за уметност на површина.

animiran film 7
Фото: Саше богоевски

„Многу е битно да има заинтересираност за ваквите креативни работи, битно е барем некој од публиката да почувствува дека не мора да се занимава со политика, не мора да биде правник, можи да биди евентуално уметник. Особено во овие тешки времиња за кретивноста која е потисната и од глупавата технологија која ја користиме, а и од општиот невкус и некултура“, изјави Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, арт директор.

animiran film 5
Фото: Саше богоевски

„Јон Вардар против Галаксијата“ е најголемиот копродукциски проект на Балканот. Изработен е со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Не морате баш на сите да им се допаѓате – не трудете се да се вклопите секаде и со секого
Потребата постојано да сме во потрага по потврда од другите за она …
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
jk viber

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…