prevrzino nas

Изложбата „преВРЗИНО“

На 23 ноември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во Ликовниот салон на ДЛУБ ќе се отвори изложбата „преВРЗИНО“. Оваа изложба опфаќа дела од различни циклуси на Анчевски, каде пастозните слоеви материјал на монохроматските позадини создаваат уникатни шеми и форми.

Untitled.12

Делата на оваа изложба ќе ги поведат посетителите на патување низ космички, физички и биолошки периоди, претставувајќи праисториски пејзажи и соѕвездија, но истовремено ќе им навестат нови митологии. Анчевски преку своите дела ја преиспитува врската помеѓу гестот, дамката, и нивните трансформации, создавајќи простори кои истовремено ја напуштаат традиционалната слика и се отвораат кон неограничени можности.

prevrzino

Стефан Анчевски, визуелен и мултимедијален уметник од Куманово, е едно од најистакнатите имиња на современата уметничка сцена во Македонија. Роден во 1993 година, Анчевски дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со реализирани десет самостојни изложби и учество на повеќе од 150 групни изложби во земјата и странство, Анчевски е активен член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и (ДЛУБ). Добитник е на повеќе награди, меѓу кои „TrashForArt“ во 2014 година и „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 година.

„Сето она што било не е веќе, додека пак сето она што ќе биде сè уште не е.“ Анчевски продолжува да ја истражува и редефинира уметноста, оставајќи простор за интеракција помеѓу материјалот, просторот и гестот. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да се запознаете со делата на еден од најперспективните уметници од Македонија.

Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …
jk viber

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…