Меѓународниот собир на децата на Европа како Манифестација е основан од Градската управа на Град Белград додека реализатор е Детскиот културен центар на Белград, а главен покровител е Министерството за култура и информирање на Република Србија.

Настанот ,,Радост на Европа” воедно е еден од ретките кој е носител на ознаката за квалитет ЕФФЕ а доделена од Европската комисија.

На адреса на Детскиот културен центар Белград годинава пристигнаa над 2.OOO дела од градовите низ цела Србија како и од: Австрија – Бугарија – Белорусија – Босна и Херцеговина – Црна Гора – Кина – Чешка – Франција – Грција – Хрватска – Индија – Латвија – Литванија – Германија – Полска – Романија – Северна Македонија – Русија – Сингапур – Словенија – Словачка и Турција.

Стручно жири во состав д-р Невена Поповиќ доцент на Факултетот за уметност во Звечан – Косовска Митровица – Универзитет во Приштина како и Драган Јајиќ академски графичар ликовен педагог и експерт соработник за ликовно образование во предучилишна установа “Радосно детство” во Нови Сад и Зоран Станаревиќ професор по ликовна уметност – педагог во ОУ “Jефимија” во Обреновац ги рецензираше и награди доставенитe трудови и ги подели во пет категории за групни и индивидуални награди како според возрасните категории учествуваа ученици од 4 до 18 години.

Ивана Петрова

Детското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј” Битола со ликовното дело ,,Народна женска носија” го претставуваше ученичката Ивана Петрова [1О] која за време на аплицирањето на конкурсот имаше 9 години и ја освои високата награда за индивидуално истакнување и ликовен пристап во категоријата од 7 до 9 години и е единствен учесник кој го поминал процесот на селекција од Македонија.

Ивана Петрова 2

Ивана Петрова е повеќегодишен ученик на ДЛС ,,Свети Кирил и Методиј” Битола, а во 2О22 година и учесник на првото издание на Малиот Монмартр во Пловдив 2О22 Бугарија каде освои посебно Признание за дело на денот со пофалби, но и Признание за учество во категоријата ученици од 4 до 1О години. Добитник е и на посебни признанија и награди од конкурсот за 2О22 година на Светскиот младински уметнички институт – Центар на УНЕСКО со седиште во Франција ; 17-тиот меѓународен детски ликовен конкурс во Нова Загора – Бугарија и 23-тата светска детска ликовна колонија и изложба во Евора – Португалија сите за 2О22 година.

Нејзиното дело во Португалија е поставено во Кралскиот Музеј на Евора до дела на уметници како Рембрант Херменсон ван Рајн и Пабло Пикасо.

„Гидионовиот јазол“ го затвора Фестивалот на монодрама во Битола
Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата …
28 дена до посилен имунитет: Истражување во Финска покажа дека децата треба да играат во кал
Во време кога родителите се стремат кон чистота, дезинфекција и „стерилна“ околина, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…