rek diplomi

На Факултетот за информатички системи и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа завршниот настан на програмата „Вештини на иднината“, насочена кон унапредување на знаењата и компетенциите на вработените во АД ЕСМ (Електрани на Северна Македонија).

Иницијативата, имплементирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поддржана од Јапонскиот фонд за техничка соработка и Bloomberg Philanthropies, овозможи надградба на вештините на повеќе од 600 вработени во АД ЕСМ.

Претставникот на ЕБОР нагласи дека институцијата е присутна во земјава од 1993 година и активно придонесува во олеснување на процесот на зелената транзиција — преку грантови, како и преку поврзување со земји кои веќе го поминале овој процес.

Програмата обезбеди обуки во низа клучни области од значење за праведната, инклузивна и одржлива енергетска транзиција, значително зајакнувајќи ја институционалната подготвеност на ЕСМ.

Заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Реџеп Асани, им се заблагодари на учесниците во обуките, истакнувајќи дека тие претставуваат иднината на енергетиката во Македонија.

„Процесот на енергетска транзиција е комплексен и бара многу повеќе од само нова технологија — бара нова логика и, пред сè, нов менталитет. Вие покажавте исклучителна подготвеност да излезете од зоната на комфор и да се соочите со предизвиците. Затоа, овие дипломи не се само документ; тие се доказ за вашата адаптибилност, желбата за напредок и вашата улога како двигатели на промените.

Веќе годинава започнуваме со реализација на три капитални проекти од Зелената агенда. Ќе градиме три фотонапонски електрани во Битола кои ќе го зајакнат производното портфолио на АД ЕСМ и ќе придонесат за зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Паралелно, во тек е и втората фаза од ветерниот парк Богданци.

Во таа насока, упатувам благодарност до ЕУ, преку нивниот финансиски механизам за Западен Балкан (ВБИФ), како и до нашите партнери во зелената транзиција — ЕБОР и КфВ Банка. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на министерката Божиновска за нејзината посветеност проектите да се одвиваат со забрзано темпо“, истакна Асани.“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, посочи дека праведната транзиција започнува од луѓето — бидејќи градењето енергетски капацитети без соодветно подготвени кадри нема вистинска вредност.

На настанот беа прикажани реализираните активности, постигнатите резултати и севкупното влијание на програмата врз развојот на човечките ресурси во ЕСМ. Дополнително, беа претставени и новите иницијативи што ЕБОР ги подготвува како поддршка на праведната транзиција, продолжувајќи ги досегашните вложувања.

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…