pexels liza summer 6382699

Во една прилика, еден учител ги прашал своите ученици: – Зошто луѓето викаат кога се расправаат? – Затоа што го губат трпението, – претпоставил еден од учениците.

– Но зошто викаат кога е друга личност до нив? Зошто се крева тонот во несогласувањата? – прашал учителот. – Не можат да зборуваат тивко? Зошто викаат кога се лути?

Учениците ги дале своите одговори, но ниту еден одговор не бил точен за учителот. На крајот тој објаснил:

– Кога луѓето не се задоволни едни со други и се караат, нивните срца се оддалечуваат. За да ја премостат таа дистанца и да се слушнат, мора да викаат. Колку се полути, толку погласно викаат. А што се случува кога ќе се заљубат? Не викаат, напротив зборуваат тивко. Затоа што нивните срца се многу блиску, а растојанието меѓу нив е многу мало. И кога ќе се заљубат уште повеќе, што се случува? — продолжи гуруто. — Не зборуваат, само си шепотат и стануваат уште поблиски во љубовта. На крајот, не им треба ни шепот. Тие само се гледаат и се разбираат без да кажат збор. Така се случува кога двајца заљубени луѓе се блиски.

Затоа, кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат едно од друго, не кажувајте зборови што уште повеќе ќе ја зголемат оддалеченоста меѓу вас. Затоа што може да дојде денот кога далечината ќе стане толку голема што нема да има враќање назад.

meblo trejd masina za prskanje
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…