LEGO коцките се прогласени за игра на векот и како најдобро средство за развој на интелигенцијата. Токму Лего едукацијата има голем удел во развојот на моториката и когнитивните сознанија на детето. Лего коцките во комбинација со STEM технологијата ги користи Edu Academy од Битола. Со цел што подетално да дознаеме како лего коцките влијаат врз равојот на децата и кој е позитивниот бенефит, поразговаравме во Тања Стојковска, едукатор во Edu Academy Bitola.

Edu Academy Bitola 19

Читај бе: Објаснете ни  подетално што претставува Edu Academy?

Тања: Едукативниот центар Edu Academy  е место каде се посветуваме на напредната едукација на најмладите – деца на предшколска и рана школска возраст, попрецизно за деца од 4 до 11 години. Посветени сме да ги подготвиме децата за предизвиците на денешницата, поточно ги запознаваме со основите на математиката, инженерството и технологијата.

Со работа започнавме од 2020 година, но морам да напоменам, дека уште од 2017 година ги започнавме активностите во рамките на Центарот за напредна едукација од Битола. Она што е специфично за нашиот центар е што како дидактичко средство се користат LEGO едукативни сетови со помош на STEM методологија, како докажана методологија која ги подготвува децата за предизвиците на модерното живеење.

Во едукативниот центар ги поттикнуваме децата на креативност и ги развиваме нивните потенцијали и при тоа се задоволува нивната љубопитност. Преку добро осмислени LEGO програми ги запознаваме децата со наука, технологија, инженерство и математика. Бидејќи децата се на прво место, LEGO програмите се прилагодени врз возраста на детето.

Читај бе: Кои вештини ги добиваат децата за време на овој курс и работењето со Лего коцки?

Тања: Како што спомнав, во едукацијата на децата ја користиме STEM методологијата со која што децата се учат на тимска работа, стекнуваат вештини на критичко и логичко размислување, решавање на проблеми, ја развиваат моториката, емпатијата и слично.

Со помош на STEM методологијата, децата можат да покажат заинтересираност во најразлични области, што го решава проблемот на професионалната ориентација. Дури и да не станат инженери или програмери, стекнатите знаења и вештини ќе бидат нивна предност.

Покрај развивањето на критичкото размислување, сите програми кои што ги нудиме ја зголемуваат научната писменост која создава нови генерации на иноватори. Иновациите пак, носат нови производи, услуги и генерално подобар живот на оние кој шо ги донесуваат.

Читај бе: Како влијаат овие активности врз развојот на детето?

Тања: LEGO коцките се прогласени за игра на векот и како најдобро средство за развој на интелигенцијата. Истите го стимулираат развојот на фината моторика, развојот на фокусот и ги учат децата за пропорција. Поради тоа во нашиот едукативен центар се обидуваме да  ја развиваме креативноста на детето и ги потикнуваме когнитивните способности. Едукативните LEGO сетови се прилагодени според возраста на децата, но и на нивото на нивниот развој.

Она што е најбитно е со методологијата која ја користиме, детето постојано да оди напред, даа гради и конструира, да ја надминува секоја препрека, да ја развива мечтата, да си игра и учи во вистинска смисла на зборот. Токму такви ученици преставуваат темел за долгорочно креативно размислување, затоа што учат да го согледаат проблемот од секој агол и секој аспект и да најдат најразлични решенија.

Пред секој упис, правиме пробен час каде на лице место со помош на посебно прилагодена задача, го запознаваме детето, но и родителите со програмата.

Читај бе: Како влијаат стекнувањето на овие способности во извршувањето на секојдневните училишни обврски?

Тања:
LEGO едукацијата е корисна и практична затоа што преку игра децата од училишна возраст влегуваат во светот на науката и инженерството, учат каде и како се користат запчаниците, оските, тркалата, лостот и колку при градење е битна рамнотежата. Со сето ова наведено подетално ќе се запознаат подоцна во средното и факултетското образование.

На прв поглед програмата изгледа само како редење на LEGO коцки, но вистината која сакаме да ја прошириме е сосема спротивна, затоа што LEGO едукацијата овозможува изучување на основните научни концепти, концепт на технологија и дизајнот.

Edu Academy Bitola 3

Но покрај овие знаења, децата се учат и на таканаречени меки вештини – подобра комуникација, тимска работа, подобра моторика и слично.

Од родителите секојдневно добиваме позитивни информации во однос на развој на нивните деца и на подобрување на резултатите не само нивната моторика, туку и на начинот на комуницирање и на поголемата фокусираност на децата.

Читај бе: Што конкретно се работи на час?

Тања: Часовите се поделени во неколку тематски целини – со помош на инструкции добиваат задача како да конструираат одреден модел, откриваат кои се принципите на неговото работење и тестираат како функционира. По креирањето на моделот, детето го презентира, дава негово мислење во однос на сработеното, но исто така нуди решенија за подобрување на истиот.

Сите сознанија до кои дошле децата забележуваат во работниот лист, а како повторување на стекнато знаење на децата им се дават домашни задачи.

Во текот на конструирањето, децата заедно соработуваат и комуницираат и заедно ги надминуваат проблемите на зададената задача.

Читај бе: Која е повратната реакција од родителите?

Тања: Мораме да се пофалиме дека имаме многу коректна и добра комуникација од страна на родителите. Секоја нивна позитивна критика и пофалба ни дава потик за уште подобро работење. Како што спомнав,  големо внимание и посветеност им посветуваме на секое дете затоа што се работи во мали групи. Основната мисија на Лего едукација е подобрување врз целокупниот развој на детето и подобрување на нивните потенцијали.

Горда сум на фактот, што околу 80% од децата кој што ја запишале почетната програма , продолжија кај нас со други програми, така што денес имаме деца кои што во целост ги поминаа сите четири програми и имаме позитивно мислење на родителите со молби да воведеме и нови програми.

Читај бе: Деца на која возраст можат да се запишат во Edu Academy?

Тања: Имаме 4 едукативни програми наменети за деца од 4 до 12 годишна возраст. Пред секој упис правиме тестирање во вид на „demo“ час, каде што ги запознаваме родителите и децата со програмата и методологијата која ја користиме. 

Во првите 2 програми децата учат да конструираат основни модели на машини, прво со поголеми коцки, а потоа со поситни, но и со повеќе покомплексни елементи. Во третата и четвртата програма веќе конструираме роботи со движење и основи на програмирање.

Морам да напоменам дека после 6 месеци, децата кои ја посетуваат наставата добиваат сертификат.

Читај бе: Кажете ни повеќе детали за уписите во Edu Academy?

Тања: Уписите се изведуваат штом се формира група на деца за содветна Лего програма. Часовите се изведуваат во попладневните часови, еднаш во неделата. Часот е со времетраење од 75 минути и Лего обуките траат 6 месеци.

Читај бе: Кажете ни нешто повеќе за Вас лично, која беше причината да го отворите овој центар.

Тања: Уште од моја најмала возраст имав афинитети кон креативно творештво, и со текот на време во понатамошното образование размислував како да ги искористам креативните способности и  талентите. 

Открив дека работата со деца ме исполнува и после стекнатото Факултетско образование на Педагошкиот Факултет при УКЛО во Битола, продолжив да го усовршувам моето знаење со работење во едукативни центри и посетување на стручни семинари посветени на ран детски развој.

Голема благодарност морам да упатам до Гордана Мишевска и нејзиниот Центар за напредна едукација кои ми овозможија да се запознаам со LEGO едукацијата и СТЕМ методологијата и да ги унапредам едукативните вешини.

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…