tijana nasl

Како изгледа светот, ние, после финалето на пандемијата Ковид 19? Стравот е најмоќното оружје на 21 век. Колку повеќе човекот се оддалечува од сопствените биолошко-психолошки потреби тој си станува туѓ на себе, не е ни чудо што сега човештвото е ослабено во споредба со човештвото пред еден век. Во продолжение интервјуто со м-р Тиана Ивановска, психолог и гешталт психотерапевт, сопственик на СЕБЕСЛОЖУВАЛКА.  Темата е: менталното здравје после пандемијата, кулминацијата на стравот и себичноста кај човекот и како понатаму.

tijana

Читај бе: Пандемијата даде простор за отворање на многу психолошки советувалишта со физички контакт, но и сесии на далечина. Во каква состојба според Вас е психолошкиот профил на македонскиот човек по пандемијата?

Тиана И.: Ми се чини дека македонскиот човек е уморен и исцрпен од премногу промени врз кои нема апсолутно никаква контрола. Сведочиме многу промени што на политичко така и на економско, индивидуално, технолошко и разни нивоа кои нѐ оставаат со постојана потреба да бидеме спремни за следното што доаѓа. Во вакви времиња претешко е човек да остане мирен и присебен, токму затоа и се јавува потребата за психологија и психотерапија.

Читај бе:Човекот е биолошко суштество, а не канцелариски објект. Во ера на технолошка експанзија, ко да е невозможно да се вратиме кон природните корени или можеби треба да бидеме повеќе одлучни?

Тиана И.: Возможно е ако си дозволиме. Ќе се надоврзам на претходното прашање, во средина во која секој од нас се бори за гол опстанок, сите други потреби се од втор ред. За да можеме да живееме подобар живот потребно ни е да ги задоволиме основните потреби, а дури потоа да одиме на потреби од повисок ред. Тешко е човек да си даде време за одмор, прошетка во природа, контакт со природата и слично, кога минува низ толку општествени промени.

viber image 2023 10 03 10 35 31 484

Читај бе: Стравот е најмоќното оружје во 21 век. Што предизвикува чувството на страв во човечкото тело?

Тиана И.: Стравот е еволуциски најстарата емоција која човекот ја познава и првата емоција која ја чувствуваме кога се раѓаме на овој свет. Токму затоа оваа емоција е најинтензивна и најдлабоко ја чувствуваме. Еволуциски идејата на стравот е да не заштити од ситуации кои се опасни за нас, но кога живееме во толку динамични времиња самото секојдневие станува опасно за нас, па оттаму и чувство на константен немир и страв кај луѓето во него. Тој знае да биде блокатор на животни промени и да не смести во состојба на преживување дури и тогаш кога немаме реална потреба од истата.

Читај бе: Физичкиот контакт и по пандемијата е нешто кое и понатаму плаши, а од друга страна имаме менталитет/култура во чиј образец спаѓа ракувањето, прегрнувањето…Општо познато е дека нечија прегратка може да биде лековита. Како Вие го коментирате ова?

Тиана И.: Секогаш препорачувам физички контакт што е можно повеќе. Социјалната изолација е нешто кое на долг рок има страшни последици врз менталното здравје и мораме свесно да се бориме против неа. Човекот е социјално битие и од круцијална важност му е контакт со другите битија.

people 5828891 1280

Читај бе: Како би ја дефинирале човечката себичност и саможивност по пандемијата и како да се надмине?

Тиана И.: Не сум сигурна дека би го нарекла себичност и саможивост. Повеќе чувствувам дека оди во насока на нагон за преживување и очајна потреба да се добие некаква стабилност во времиња во кои на секој чекор демнее некаква општествена криза. Луѓето мораат да сфатат дека кога општеството е во криза и тие самите ја чувствуваат и минуваат низ истата. Колективот е во нераскинлива врска со поединецот и обратно.

Читај бе: Ни се пласираше нова реалност. Медиумите и прекумерно влијаеа врз колективната мисла. Каква е големата слика на новата реалност низ Вашиот светоглед?

Тиана И.: Големата слика за новата реалност по мене е реалност во паника. Општо позната психолошка стратегија за контрола на големите маси е население во паника. Медиумите креираат паника на секој чекор и на тој начин луѓето прибегнуваат кон сѐ она што им е безбедно. Безбедното се наоѓа на другата поларност на промената, затоа и ни е тешко да правиме промени.

Читај бе: Ако читаме вести – светов е крвава трпеза, блуткав вкус и без смисла за хумор. Читателите на ова интервју и оние кои ги пратат објавите на Себесложувалка очекуваат некаков совет, попатна поддршка. Што би им препорачале?

Тиана И.: Работете на себе, во денешно време најголем луксуз е човек добро да се познава себеси. Свесен човек придонесува за лични и општествени промени што ни се очајно потребни во нашата држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…