kristina

25-годишната Кристина Димчевска успешно работив во сферата на дигиталниот маркетинг веќе неколку години, но од неодамна таа е и ко-основач на агенција за маркетинг. Студирала во Русија каде дипломираше на ,,Меѓународен бизнис и маркетинг”, а на повидок е и магистрирањето, на одделот ,,Меѓународна трговија и маркетинг”, исто така во Русија. Кристина е љубител на виното, готвењето и континуираното читање книги, со разновидна тематика. Во браншата, во која работи, ја истакнуваат силните способности за комуникација, решавање проблеми, менаџирање, рекламирање и дизајн, кои ги поседува. Во интервјуто за Читај бе, Димчевска се труди да ни го доближи поимот ,,Дигитален Маркетинг”, објаснувајќи го во детали неговото значење, распространетоста на истиот на нашите простори и целиот процес на создавање сопствен бизнис, односно маркетинг фирма.

Читај бе: Што е дигитален маркетинг?

Кристина: Би кажала дека дигитален маркетинг е 80% од она што го гледате на вашите телефони и компјутери, дури и тоа да не изгледа баш така. Во денешно време сé е дигитален маркетинг и секаде, секој се обидува да ви изрекламира или продаде нешто. Почнувајќи од обичните видеа за правилно шминкање каде јасно се набројуваат брендови, па до конкретно изработена содржина (слики, видеа, вебсајтови и др.) со цел зголемена продажба.

Читај бе: Колку време ти беше потребно за да го изградиш својот пат до кариерата во дигиталниот маркетинг и кои сé курсеви си ги посетувала?

Кристина: Во оваа насока почнав да работам пред 5 години, тогаш всушност ме привлече маркетингот како појава. Студирав во Русија и имав многу добар професор по маркетинг, кој навистина посветуваше многу внимание на практичното знаење, што ми помогна да сфатам дека и кон тоа сакам да чекорам. Курсеви од академии немам посетувано, сé што знам научив на факултет, плус нешто дополнително од Udemy.

346102309 640833924120233 6458728439000277742 n

Читај бе: Зошто баш дигитален маркетинг? Кои се предности ти ги донесе и како се снаоѓаш низ процесот на пробивање на македонскиот пазар?

Кристина: Баш дигитален маркетинг, искрено, затоа што натаму почнува се да се движи. Дигиталниот свет во Русија беше многу поразвиен и сфатив дека во Македонија тоа нешто недостасува. Не зборувам само за дигитален маркетинг, туку целосно e-commerce како гранка која до пред некоја година беше непознато нешто за многу луѓе во Македонија. Од предностите кои ги нуди, би издвоила кариерен раст и шанса за постојана едукација и развој во оваа сфера. Постојано сѐ се менува, па потребно е да се биде во тек. Македонскиот пазар сé уште не е целосно подготвен за дигитален маркетинг. Дури во последниот период почнаа да се развиваат некои први чекори, затоа што многу фирми се скептични за ваков тип на промовирање на бизнис. Многу фирми дури немаат свои страници на Facebook или не знаат дека може да се користат и други платформи како Youtube, Linkedin и др.

Читај бе: Неодамна отвори своја фирма за дигитален маркетинг. Каков беше процесот…

Кристина: За овој чекор се мислев подолго време и искрено не знаев баш што е најправилно за мене во тие моменти. Работев како фриленсер и разгледував опција за отворање на фирма веќе подолго време. Во муабет паднавме на таа тема со сопственикот на Аквалукс, тогашен клиент, а сега бизнис-партнер и добив понуда да отвориме фирма заедно. Чекори како такви немаше, се мислев некое време и пресеков. Потоа следуваше бирократија, учење на некои основни работи кои се потребни за да управуваш со фирма од страна на документација, итн.

346111334 1456551611826507 5018442709745707714 n

Читај бе: Што треба да знаеме кога е во прашање дигиталниот маркетинг и според тебе кој сé треба да ги поседува овие способности?

Кристина: Треба да знаеме да се приспособиме кон секакви промени, бидејќи оваа област има постојани промени и пропуштање на одредена новост може негативно да влијае на резултатот. Такви особини треба да поседува според мене не само човек кој работи во оваа област, туку сите кои планираат да градат своја кариера или бизнис. Светот се менува постојано, а нам ни останува или да се приспособуваме или да ги натераме другите да се приспособат кон нас.

Читај бе: Зошто ни е потребен професионалец во оваа сфера кога е во прашање проширувањето на еден бренд или новосоздадена фирма, непозната за пазарот и општеството?

Кристина: Делегирањето е мајка на успевањето. Според мене за да успее еден бренд потребно е што повеќе задачи да се делегираат на професионалци од одредена област. Од друга страна, кога станува збор за новосоздадени фирми неопходно е искуство од страна на маркетинг тим за да се смисли целото пласирање на пазарот и да се создаде слика за таа нова фирма. Во секој случај, без разлика дали се работи за нови фирми, фирими во развој или брендови – дигиталниот маркетинг е неопходен, не заради продажбата, туку заради задржувањето на вниманието на клиентот кон овој бренд. Ако вие не ги придобиете и задржите клиентите, тие ќе одат кај конкуренцијата.

digital marketing 1725340 640

Читај бе: Според тебе, какви начини на работа треба да користиме за побрзо пробивање на пазарот, и зошто?

Кристина: Несомнено социјални мрежи, затоа што сега сите се таму. Ретко се наоѓа човек кој нема ТикТок, а уште поретко човек кој нема Инстаграм или Фејсбук. Социјалните мрежи се навистина моќна алатка за пробивање на пазарот, но исто така и за продажба. Во последно време може да се забележи раст на профили кои продаваат директно преку социјални мрежи. Исто така, освен социјални мрежи, да не ја заборавиме моќта на зборот на задоволниот клиент, како и моќта на искуството. Потребно е да се проба секоја алатка и да се експериментира, за да се дојде до посакуван резултат.

Читај бе: Колку се заинтересирани клиентите со кои соработуваш и како се одвива процесот на распространување на дигиталниот маркетинг и потребата од професионалци од оваа сфера во Македонија?

Кристина: Заинтересираноста зависи од човекот пред сé. Имам клиенти кои се 100% присутни и обезбедуваат сé што е потребно за работата да биде завршена. Процесот на распространување за почеток би кажала дека е добар, но сé уште сме многу далеку од ЕУ и некои други поразвиени држави. Што се однесува до професионалци, имам забележано дека Македонија има квалитетен кадар, но истиот за жал се користи за надворешни клиенти и нема можност да се покаже и докаже на домашен пазар. Уште пожално е што огромен дел од овој кадар пројавува желба да замине од државата во потрага по повисока плата и повисок стандард на живеење.

social media 4140959 640

Читај бе: Со кои потешкотии си се соочила на патот до професионално оформување како единка, подготвена да ги преземе сите одгворности кога е во прашање дигиталниот маркетинг?

Кристина: Недоволна самодоверба и уверувања наметнати од општеството дека жена не е за во бизнис. На почетокот, особено при првите пречки ми доаѓаа мисли дека можеби сé е погрешно и сé ќе беше полесно на друг начин. Но, на крајот значајно е да се сфати дека сѐ се случува со причина, секој чекор води токму кон она место каде на крајот треба да бидеш.

Читај бе: Може ли да ни откриеш некои трикови кои ги користиш во работата, а се покажале како одлично прифатени од јавноста и клиентите?

Кристина: Строго за работа запишувам сé, правам листа на задачи и одам по приоритети. Ова ми овозможува да ја следам ситуацијата и да знам што е завршено, а што не. Во последно се учам и да делегирам, бидејќи претходно, се што беше направено од друг, не беше доволно добро за мои стандарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…