347102584 606727621397165 4748124828526453141 n

Синоќа во свечената сала на Офицерски дом-КИЦ Битола во организација на Институтот за романска култура -Букурешт, Информативен центар на Романија во Скопје и Амбасадата на Р.Романија во Македонија во соработка со Влашката културна асоцијација и Лига на Власите Асоцијација „Браќа Манаки“, оддржан беше културен настан насловен како Културните врски помеѓу Р.Романија и Р.Македонија – „Ароманската музика и браќата Манаки“.

345654514 597863808977869 1138164808629366849 n

На настанот се обрати амбасадорот на Р.Романија во Скопје, Адела Моника Аксинте, а присутни беа и припадници на влашката заедница од Битола, почесни конзули и други гости. Во музичкиот дел настапија гостите од Романија, Чипријан Порумбеску, Џорџе Енексу, Јон Думитреску, а во научниoт дел со интересни документи и предавања за браќата Манаки и влашкиот етнос на овие простори се претставија научните работници; Кармен Ирина Флоареа, Мануела Новачи,Каталин Д.Костантин,Емил Циркомнику.

Присутната публика освен на настапот на музичките уметници, можеше да ги посведочи и куриозитетни фотографии и документи од животот на браќата Манаки. Ова е почеток на една поинтезивна културна соработка помеѓу Р.Романија и Р.Македонија, најавуваат гостите од Романија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…