Правилниот начин на комбинирање и консумирање на храната може да ни го зачува организмот онаков како што треба да биде, да ја имаме потребната енергија и правилната функција на сите органи, со внесување на сите потребни витамини и минерали. А токму со здравиот начин на живот да се спротивставиме на болестите на новото време. На оваа тема, поразговаравме со Билјана Марковска, магистер по нутриционизам, а преку Здружението „Нутри-зона“ Битола го споделуваат со граѓаните нивното знаење со цел да им помогнат како правилно да се хранат.
Со Билјана поразговаравме за строгите диети, за режимите на исхрана, кои се погрешните верувања за храната и исхраната и каде најчесто се греши. Најчестата грешка е кога се следат трендови и се оди во крајности. Нејзиниот совет е секогаш да се јаде на маса и повеќе пати на ден.

храна

Читај бе: Најнапред кажете ни нешто за Вас и Вашето здружение. Колку време постои, која беше целта за неговото формирање?

Билјана: Јас сум Билјана Марковска, магистер по нутриционизам и во моментот кандидат за докторант на Универзитетот на Балеарски Острови, Палма, Шпанија. Дел сум од истражувачката група за оксидативен стрес, а истражувањето главно ми се однесува на влијанието на антиоксидантите од храната врз здравјето на човекот.

Здружението на граѓани „Нутри-зона“ Битола е формирано во 2016 година. Главната причина за неговото формирање беше нашата љубов кон професијата нутриционизам и желбата да го споделиме со пошироката популација тоа што го знаеме, а во исто време да помогнеме знаењето за правилната исхрана и нејзиното практикување да се подигне на повисоко ниво.

храна 3
meblo trejd mialnici

Читај бе: Кажете ни нешто за активностите на здружението за промовирање на здрава исхрана „Нутри зона“, која е вашата мисија?

Билјана: Нашата мисија е промоција на здравата исхрана и здравиот начин на живот кај сите категории на луѓе, како и јакнење на свеста за важноста на здравата исхрана кај секој поединец. Тоа го изведуваме преку едукативни настани, кои ги организираме и изведуваме со ученици и луѓе од сите возрасни категории. Исто така организираме и едукативни предавања наменети за категории на луѓе со одредени заболувања или состојби, за кои е потребна специфична исхрана или промена во секојдневната исхрана. Секако, достапни сме и за индивидуални советувања и подготвување на индивидуални планови за исхрана.

Читај бе: Велите – Храната која ја јадеме може да биде најсилен лек, или слаб и бавен отров и дека сами решаваме што ќе избереме. Како тоа да се постигне?

Билјана: Кога се работи за исхраната, правилната исхрана треба да биде дел од нашиот начин на живот, без да нè попречува во секојдневните обврски. Значи, треба да воведеме навики што ќе можеме лесно и спонтано да ги практикуваме. На пример, добро е да се трудиме главниот оброк да ни биде дома и да биде составен од зеленчукова чорба или да има супа како додаток на друго јадење. Во текот на денот да се практикува да се јаде најмалку една чинија со салата (без прелив или мајонез), две парчиња свежо овошје, неколку парчиња суво овошје и една рака јаткасти плодови или семиња. Доколку сето ова го вметнеме во исхраната, желбата за да се посегне по брза храна, слатки или „грицки“ секако ќе биде помала или тие ќе се конзумираат во помала количина поради заситеноста на организмот.

297425413 3202995146608225 7711567771483404979 n

Читај бе: Според Вашето искуство, колку самите луѓе посветуваат внимание на квалитетната храна?

Билјана: Во последно време многу повеќе се посветува внимание на квалитетната храна и исхрана. Добро е што и понудите во маркетите и на пазарите се големи, па достапна е разновидна свежа храна во текот на целата година. Позитивен пример се многу работни организации каде постојано има достапно овошје за вработените.

храна 2

Читај бе: Кои се погрешните верувања за храната и исхраната? Каде најчесто се греши?

Билјана: Кога се работи за храната и исхраната има премногу контраверзни информации. Премногу информации се достапни, но дали и изворот на информација е точен? И дали советот се однесува на општа популација или е корисен само за одрена состојба?

Најчесто погрешно се постапува кога се оди во крајности, без особена здравствена причина. На пример следење на трендови, како целосно исфрлање на јаглехидрати од исхраната, кето диети, безглутенска исхрана. Секој макронутриент има улога во организмот и кога ќе се наруши балансот доаѓа до здравствени проблеми.

Традиционалната храна и исхрана, во последно време е доста оспорувана, како поради начинот на подготовка, така и поради нутритивната вредност, особено традиционалните чорби. Не дека начинот на подготовка им е апсолутно здрав, меѓутоа одредена храна, како што се на пример грав, грашок, боранија, леќа, компир, мора термички да се обработи за максимално да се искоростат нејзините хранливи состојки, а и за да се уништат одредени антинутриенти кои ги содржи. За да се подобри вкусот, се користат зачини и сол (во умерена количина), а за да се подобри конзистенцијата на течноста во која се варела, традиционално се прави „запршка“. Тоа влијае на сензорната перцепција на храната и ја прави вкусна и прифатлива. Во спротивно, само варениот зеленчук, можеби е поздрав, но не толку вкусен (а со тоа поретко би се конзумирал) и хранливите материи кои преминуваат во течноста во која се варел – се исфрлаат. Колку и да е „нездраво“ подготвена таа чорба, придобивките од редовната конзумација на варен зеленчук се поголеми. Секако, доколку се јаде умерено (еднаш во текот на денот) и доколку нема други здравствени проблеми, како на пример гастритис.

Потоа се греши при изборот на нискомаслени производи и производи без шеќер со цел намалување на телесната маса. Да, обично тие производи имаат помала калориска вредност, но не значи дека може да се конзумираат во големи количини. Кај производите без шеќер, поштетни се додадените вештачки засладувачи, отколку мала количина на шеќер! Секако, оправдано е доколку се работи за луѓе со дијабет, но не и за секојдневна употреба. Тука може да го споменам и темното чоколадо. Тоа не е диетална варијанта, туку малку поздрава варијанта на обичното чоколадо. Само малку, што се однесува на повеќе антиоксиданти!

храна 4

Читај бе: Зошто еден вид исхрана им одговара на една категорија луѓе, а на друга не? Треба ли сите да се водат според истите принципи?

Билјана: Секогаш треба да се има на памет дека не секој совет е добар за секого.

Обично храната која ни е достапна одговара на секој, но некогаш треба да има разлика во исхраната. Значи полот, возраста, физичката активност, но и од присуството или отсуството на одредена болест или состојба влијаат на количината која треба да се внесува, начинот на подготовка, но и присуството или отсуството на некоја храна во исхраната. Основни принципи на кои сите треба да се придржуваат се разновидност, балансираност и умереност.

храна 5

Читај бе: Според Вас, што е она што најпрво треба да се прекине кога се работи за храната?

Билјана: Најпрво треба да почне да се избегнува похуваната храна и помфритот. Потоа секојдневното конзумирање на лиснати пецива. Секако и соковите…

Читај бе: Кое е Вашето мислење за строгите диети и ограничувањата на калории?

Билјана: Строгите диети имаат краткотрајно влијание и можеби брз добар резултат ако единствената цел е за кратко време да се намали телесната маса. Искуството на сите кажува дека тие килограми, а и повеќе од нив, брзо се враќаат.

Ограничувањето на калории исто така влијае врз намалувањето на телесната маса и можеби е подобра варијанта од претходниот пример. Но, професиоинален нутриционист секогаш поголемо значење дава на квалитетот и разновидноста на храната која се јаде. Тоа треба да биде и главната цел при подложувањето на диета за слабеење; не само да се намали телесната маса, туку да се воведат здрави навики кои ќе останат за цел живот и кои ќе ја подобрат и здравствената состојба.

Читај бе: Што е основно, како еден човек здраво да се храни? Или ако не го правел досега тоа, како да се започне?

Билјана: Најпрво, фокусирајте се на тоа која ќе биде храната која ќе ја јадете, а не на тоа што нема да го јадете. Кога јадете, јадете седнати на маса поставена за јадење, за информацијата дека сте имале оброк да стигне до мозокот. Не прескокнувајте оброци; за правилно лачење на хормоните за глад и ситост, како и на ензимите за варење на храната, треба да се јаде повеќе пати на ден, но и да има пауза помеѓу оброците. Последниот оброк треба да биде најмалку три часа пред спиење. И секако, не заборавајте да пиете вода!

    (ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
    Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…