angela 1

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава со фудбал. Има играно во три фудбалски клубови: ЖФК Пелистер, ЖФК Топ Гол и ЖФК Конзули, а воедно потекнува и од фудбалско семејство. Татко ѝ бил фудбалски судија кој 20 години судел на фудбалските натпревари во македонските лиги, па од тука, Ангела, ја наследила љубовта кон фудбалот. Освен што е активна на фудбалската сцена, ги привршува и додипломските студии на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Ангела слободното време сака да го користи спортувајќи, а од голема важност за неа е и фитнесот.

ФИФА пред 3 месеци ја одобри листата на македонски судии за 2023 години, а на неа се најде и Ангела како женски судија асистент.

Во нашиот разговор, Ангела, освен што ни открива детали за својата нова функција како ФИФА судија, таа зборува и за љубовта кон фудбалот, пасијата да чекори по овој пат, за македонската фудбалска сцена, одржувањето на кондицијата, прифатеноста на женските фудбалски судии во Македонија и светот, како и за процесот на донесување одлуки на еден фудбалски натпревар.

334207739 193673753364266 8796242274070330945 n

Читај бе: Ангела, може ли да ни кажеш најнапред кога започна да играш фудбал?

Ангела: Имав околу 8-9 години кога прв пат почнав да гледам фудбал на телевизија, станав толку многу заинтересирана за тој спорт, така што се решив да започнам да тренирам фудбал на 10 години. Моите почетоци беа во ЖФК Пелистер, кој беше единствен женски клуб во Битола, во тоа време. Неколку години играв во ЖФК Топ Гол и краток период во ЖФК Конзули. Важен фактор за мене беше несебичната поддршка која ја добивав од моите родители, како женско да влезам во тој „машки спорт”, следејќи ме на тренинзите и натпреварите.

Читај бе: Од каде љубовта кон фудбалот?

Ангела:   Потекнувам од фудбалска фамилија, а мојата љубов кон фудбалот ја наследив од моите дедо, татко и брат. Уште од мала, заедно со нив следев фудбалски натпревари на телевизија и во живо. И иако ден денес фудбалот се’ уште се смета за машки спорт, мене како женско секогаш ми беше интересно да ги следам тие натпревари. Па, така се решив и јас да почнам да тренирам фудбал, нормално, секогаш со поддршка од моите најблиски.

Читај бе:  Како се одлучи да станеш судија?

Ангела: Мојот татко беше фудбалски судија, 20 години судеше фудбал во македонските лиги, па по негов предлог, сосема случајно, јас станав судија на 18 години, по само две години откако престанав да играм фудбал. Од почеток бев малку скептична за тоа, како ќе бидам прифатена од страна на играчите и колегите, со оглед на тоа што бев единствен женски судија во ОФС Битола, но од друга страна со текот на времето, судењето ми стануваше се поинтересна и попредизвикувачка работа, за на крај да стане вистинска пасија за мене.

334228308 158141410464216 7908110520544701384 n

Читај бе: Дали знаеш колку жени судии има во Македонија?

Ангела:  Моментално, во Македонија има околу 20 жени судии, што за жал е многу мала бројка. Има околу 7 женски судии на главна листа, а останатите се на помошна листа. Позитивна работа е што полека се разбива општото мислење дека жените не можат да судат машки натпревари, со тоа што гледаме се повеќе жени судии на големи натпреварувања како што се Лига на шампиони и Светското првенство во Катар, минатата година, но и на домашни првенства во Англија, Шпанија, Италија. Со тоа мислам дека во иднина можеби ќе се зголеми таа бројка и повеќе девојчиња ќе се охрабрат да започнат кариера како фудбалски судии.

Читај бе:  Кажи ни, моментално кои натпревари ги судиш, во која лига?

Ангела:  Моментално судам натпревари од Прва и Втора женска лига, младинските лиги (машки и женски), трета лига мажи, а понекогаш и натпревари од пониските лиги.

334236739 1455584671857811 193532250391380622 n

Читај бе: Неодамна, пристигна едно големо признание за тебе – за меѓународен судија во ФИФА. Што значи тоа за тебе?

Ангела:  Назначувањето за ФИФА судија за мене значи исполнување на мојот најголем сон. Секој млад судија сонува еден ден да го носи ФИФА амблемот и да суди меѓународни натпревари. Токму тоа е она за што секој еден од нас се бори да стане еден ден.

viber image 2023 03 23 12 42 48 476

Читај бе: Како во светот, а како кај нас се прифатени жените судии?

Ангела:  За среќа, сметам дека веќе стана нормална работа да гледаме се’ повеќе жени судии на секакви натпревари низ светот и луѓето веќе почнаа да ја прифаќаат таа промена. Заради таа причина, полека почнува и кај нас да се нормализира таа работа, макар што понекогаш се случува да наидеме на предрасуди и негодувања. На нас, како жени судии, ни останува само да ги игнорираме лошите коментари, да гледаме напред и да уживаме во работата што ја правиме, а тоа е судењето фудбал. И секако, се надевам дека во иднина женските судии во Македонија ќе добиваат повеќе шанси да ги докажат своите судиски способности на натпреварите од Првата и Втората македонска лига (мажи).

333281351 226683309857876 2782646003383108924 n

Читај бе: Како ја одржуваш кондицијата?

Ангела:  Кондицијата и физичката подготвеност ја одржувам со редовни тренинзи преку цела година, сама или заедно со моите колеги судии, на стадион и во теретана. Се трудам во секое време да бидам во најдобра форма, во текот на сезоната и вон сезона, а исто така и за редовните семинари, организирани од судиската организација при ФФМ, што се одржуваат неколку пати годишно.

angela

Читај бе: На фудбалските натпревари често судиите се први на мета по донесените одлуки. Што е најважно за еден фудбалски судија за носење на судиските одлуки?

Ангела:  Според мене, еден од клучните фактори за еден фудбалски судија е секогаш да биде во најдобра физичка форма, за да може да биде блиску до сите случувања внатре во теренот за игра, се со цел да донесе правилна одлука. Исто така, многу е важно да има одлични познавања од Правилата на фудбалската игра и да биде во тек со сите измени што се донесуваат.

335959165 136537575813291 79569194464350393 n

Читај бе: Што е она што ти претставува предизвик за во иднина како фудбалски судија?

Ангела:  Во иднина би сакала се’ повеќе и повеќе да се подобрувам, а тоа доаѓа со натпреварите и искуството од нив. Се надевам дека некој ден ќе ја имам можноста да судам на некое големо натпреварување како што е Европско првенство или Лига на шампиони.

meblo trejd bravi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…