lonely

Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не грижи се. Многумина го чувствуваат тоа. Оние што сè уште чувствуваат, веруваат и се надеваат дека ќе пронајдат душа слична на нивната. Некого со кого ќе можат да споделат обичен разговор, прошетка или близина што нема да биде обележана од интерес.

Не живеј така што паузите ќе ти станат луксуз. Таквата приказна брзо завршува. Оддалечи се кога веќе не можеш. Ресетирај ги односите. Не дозволувај да го собираш во себе туѓиот отров. Многу е тешко да се исфрли кога ќе се насобере до крај.

Гледајќи ги луѓето, можеби ти изгледа дека многумина живеат извонреден живот. Но, не си ни свесен колкава внатрешна празнина се крие зад многу од тие фасади. Површност. Чувство дека нивниот живот нема смисла. Зад навидум совршениот живот често се крие длабока внатрешна распаднатост.

Запомни една работа: не мораш никому ништо да докажуваш. Ниту да се оправдуваш. Со гордост кажи дека не се вклопуваш. Тоа е знак дека во тебе сè уште живее човекот.

Марио Жувела

Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
Што е полошо, човек да биде злобен или глупав?
Прашање за размислување меѓу четири ѕида. Имајте на ум дека човекот онаков …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…