„Две работи се бесконечни: космосот и човечката глупост; за космосот не сум целосно сигурен“ – е еден од најпознатите цитати на Алберт Ајнштајн, теоретски физичар, роден на 14 март, 1879 година.

Ајнштајн е познат по неговата Теорија на релативитетот и Теоријата за еднаквоста меѓу масата и енергијата, односно познатата формула Е=mc2 .

Во 1921 г., Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика, односно за неговото откритие за фотоелектричниот ефект.

„Образованието не е учење на факти, туку вежбање на мозокот за да се поттикне да размислува“, Ајнштајн е роден во Улм, Германија во еврејско семејство, клучен филозоф за развивање на неговата научна мисла бил Кант „Критика на чистата причина“. Матурирал на 17 години и за да го избегне воениот рок се откажал од германското државјанство.

Заминал на студии во Швјацарија, таму ја запознал неговата идна сопруга Милева Мариќ, која била единствена жена на универзитетот која студирала математика.

albert einstein

Што е релативност? – „Ако седите на вжештена печка една минута ќе ви изгледа како да сте седеле еден час, ако седите и разговарате со убава дама еден час ќе ви изгледа како да сте седеле една минута – тоа е релативност“.

Алберт Ајнштајн важи за еден од научниците со највисок IQ, контроверзен, генијалец, непостојан. Себеси се сметал за пацифист и хуманист, иако негов е дизајнот на јадреното оружје, подоцна се спротивставувал за негова употреба во воени цели, т.е во Втората светска војна.

Државата Израел, во 1952 г. му понудила да стане вториот претседал, но Ајнштај одбил. Сметал дека не е доволно способен за да може да се справи со луѓето.

„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…