Проектот „Заштита на книжниот фонд на библиотеките“ се заврши со голем успех. По повод Месецот на книгата и училишните библиотеки, учениците-графичари во рамки на часовите за вежби и практична настава успеаја да заштитат околу 300 книги од училишната библиотека кои беа оштетени и ги вратија повторно во употреба.

FB IMG 1668157538750

Во текот на месеците октомври и ноември учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола реализираа низа активности.

FB IMG 1668157533202

Тие демонстрираа постапки за проверка и заштита на книжен блок; разни начини за заштита со меки и тврди корици, како и постапки за изработка на нови корици; техники на лепење и шиење со жица; постапки за зацврстување на поврзник на книги; обрежување; поставување на библиотечни налепници на книгите и нивно бележење; контрола на книгите итн.

FB IMG 1668157535697

Ментори на активностите во проектот беа професорките по графички стручни предмети: Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска Маурдева, Снежана Паскова, Мери Цицковска и Валентина Ристеска. Библиотекарките м-р Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола и Мирјана Наумовска, библиотекар во СОУ „Таки Даскало” се соработници во проектот со цел одбележување на овој значаен месец.

FB IMG 1668157520874
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…