Иницијативата да се обезбеди чиста вода за пиење за детската градинка Росица 1 во Бистрица, беше реализирана од заедничката соработка меѓу Ротари Клубот Битола Широк Сокак и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“. Повеќе години детската градинка Росица 1, се соочува со проблем за чиста вода за пиење. Со цел да не дојде до затворање на оваа градинка поради непостоење на соодветни услови, се дојде до иницијатива за решавање на проблемот со водата, преку набавка на соодветна опрема за прочистување на водата понудена од страна на експерти, кои детално ја анализираа ситуацијата во која се наоѓа детската градинка.

289050121 376263201153035 9053474227044469187 n

Проектот „Чиста Вода“ има за цел да го реши проблемот со водата за пиење, преку набавка на опрема за прочистување на водата. Бенефиции од реализацијата на овој проект имаат децата и вработените од детската градинка Росица 1, во с. Бистрица. 

289462676 2222213207954823 9137813659211565091 n

Ротари Клубот Битола Широк Сокак преку реализација на проектот: „Чиста вода“ обезеди решение за проблемот со водата за пиење и подготовка на храна за децата кои престојуваат во градинката, како и обезбедување на соодветни услови за опстојување на градинката, надминувајќи ги заканите за нејзино затворање. Идејата за реализација на овој проект произлезе од размислувањето дека е незамисливо да нема можности за добивање на чиста вода за пиење, особено во институции каде што престојуваат и се едуцираат деца.

288800489 442130067345463 7506195046715425493 n

Во рамките на проектот се реализираа следните активности:

  • Експертско мислење за решавање на проблемот;
  • Набавка на соодветна опрема и тоа: Експанзионен сад од 200 литри, UV sterilizer W 480, 3 Механички филтри „FILTER HOUSING L=20″Вграден од 10 μm; 5 μm; 1 μm;
  • Монтажа и поставување на опремата;

Проектот е финансиран од страна на Сојузот на Ротари Клубовите во Р. С. Македонија, како награден проект во отворениот повик. Етичките вредности кои Ротари Клубот Битола Широк Сокак ги покажува преку реализација на бројните проекти придонесува да се зголеми свеста кај граѓаните за важноста на чистата вода за пиење, како и реализација на проекти за заштита на водата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…