gorocvet

Маја Митровска – сопран, Јана Четелева Белевска – пијано и актерката Соња Михајлова ќе настапат во Свечената сала на Офицерскиот дом во Битола на 2 април, 2024 год. со почеток од 19 часот.

Гороцвет е музичко – поетска вечер каде Соња Михајлова ќе ги долови авторските стихови на Маја Митровска, која неодамна освен музички пред јавноста се претстави со книгата за деца и млади „Велинка“

„Со Јана соработката ја започнавме во студентките денови, минатата година ја обновивме со настап на годишниот концерт на професорите од Државното музичко училиште. Овој настан е важен за нас како изведувачи, Јана ќе настапи и солостички освен како пијано придружба.

Неодамнешната соработката со Соња Михајлова ме поттикна да ја поканам како гостин на настанот. Таа ќе биде оживувач на зборовите испишани од длабините на мојата душа. Говорам за настан каде централно место има музиката – универзалниот јазик, а кога нејзиното величество – Музиката, станува нераскинлив дел од пишаниот збор. . . Кога музиката има моќ да ги размрда разместените букви и да создаде нов збор!

За мене претставува голема радост и е од голема важност користењето на автентичниот фонт инспириран од ракописот на Кочо Рацин. ‘Racin’ е првиот дигитално оживеан ракопис на значаен македонски уметник. Оваа радост пред неколку години ни ја подари најеминентниот типограф во Македонија, Ласко Џуровски.

Гороцвет. . . пролет, нежност и убавина, повелете да ги доживееме заедно!“ -изјавува пред настанот Маја Митровска

Грешки за кои треба да си простите
Грешки. Сите ние ги правиме. Иако знаеме дека е човечки да се …
Не можеш да ги задоволиш сите – живеј за себе
Секогаш ќе бидеш храбар во нечии очи, а плашлив во други. Силен …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…