На ден 07.12.2023година со почеток во 10.00час. во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Македонска спортска стрелачка федерација со клубовите ГСК „Пелистер“ и СК „РЕК БИТОЛА“ во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво од основните и средните училишта, во машка и женска категорија на кое зедоа учество ученици од повеќе градови од Македонија.
Во продолжение Ви ги прикажуваме резултатите кои беа постигнати на државното првенство:
* ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
КАТЕГОРИЈА ЖЕНСКИ
1-место, ЕВА ИЛИЕСКА – Прилеп, со резултат 154,
2-место, МАРИЈА ТРАМПЕСКА – Битола, со резултат 129,
3-место, АНТОНИЈА ГАЈТАНОВСКА – Битола, со резултат 116,
КАТЕГОРИЈА МАШКИ
1-место, ВАЊА АРСИЌ – Битола, со резултат 169,
2-место, МИХАИЛ КАЈТЕВ – Битола, со резултат 163,
3-место, ДАНИЕЛ МИТРЕВСКИ – Битола, со резултат 159,
* СРЕДНИ УЧИЛИШТА
КАТЕГОРИЈА ЖЕНСКИ
1-место, ТЕОДОРА ХРИСТОВА – Битола, со резултат 173,
2-место, ЛЕЛА СТОЈАНОВСКА – Битола, со резултат 158,
3-место, ИВА ДИМОСКА – Прилеп, со резултат 150,
КАТЕГОРИЈА МАШКИ
1-место, АНДРЕЈ ВЕЉАНОВСКИ – Битола, со резултат 177,
2-место, ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ – Кавадарци, со резултат 161,
3-место, НИКОЛА САЗДОВСКИ – Битола, со резултат 159,