galeb

„Галебот Џонатан Ливингстон“ е најпознатата алегорија во современата книжевност, најдолгиот расказ или малата книга која ја открива смислата на човекот кој се бори за својата автентичност. Борбата на галебот Џонатан е секој човек кој не умее да биде само штраф во општеството, туку има моќ да биде цел систем.

Оваа книга е намената за читатели од 7 до 77 години, што значи за сите.

Две ученички од Горната Гимназија ви ја препорачуваат. Во продолжение нивните импресии од книгата „ Галебот Џонатан Ливингстон“ – Ричард Бах.

viber image 2023 05 29 09 07 39 582

Софија Пуровска: „Зошто постојат синџирите проследени со омраза? А како ли се претвора самоволието во просперитет. Само една приказна, една тајна енигма во себеси која постепено ќе го открие супстратот на мотивацијата. Една капка надеж која се претвора во стимул за раст. Холеричната особина на еден галеб која се издвојува од ограничената мисла на останатите примитивни галебови теории. Апсордно е да се одрекуваш од задоволството, но уште поболно од сопствената интроспекција. Галебот го љубам со цела моја емоционалност, апсолутно го поддржувам неговиот избор бидејќи ја разбирам неговата амбиција. Од песочна кула тој постепено градеше камена вила. Кога опшеството ја врти главата, настапува на сцена борбениот тигар. Циркусот е голем за оние животинчиња кои не ја знаат суштината на истиот, а премал за оние кои ја протолкувале неговата задача. А ќе ја разбере оној што лета највисоко, бидејќи видикот е подалеку. Сакам да понирам во процесот и да го изјавам исходот: ,,Брзината на светлината не е во мода повеќе. Денес сите се движат со брзината на копнежот”. А мојот лик ќе проговори : ,,Правилното летање е чекор поблизу за да ја изразиме својата вистинска природа”. Најмногу ми се допаѓа цврстината на Џонатан кога тој вели ,,ОДИ”, а законот ,,ОСТАНИ”. Зошто да остане? За да се изгради провалија, за да не расте во подобра верзија од себе? А како ли да ви кажува вам свенати и темни калдрми, зар да го загуби сјајот кој тлее во неговата аура, зар да нема некој кој ќе ви покаже дека здодевноста,стравот и гневот се главните причини поради што вие, галебите живеете кратко?! Кога го слушаме гласот на својата душа, кога го галиме и негуваме нашето неуморно-работливо битие… Тоа ни возвраќа со најсочниот плод кој проникнува од неговата почва. Едно големо чудо прави слободата. Ние сме онаа личност која е доживотно должна на себеси да се развива, да истражува, да учи, да се надминува себеси, да го достигнува својот највисок потенцијал! А мојот мил лик кажува : ,,Гледај со разбирање, истражувај го она што веќе го знаеш и тогаш ќе сфатиш како се лета”. Меѓутоа доаѓа еден страшен карпен судир и се пројавува гласот на потиштување на своето достоинствено јас. Го тера да се откаже, но зарем се осмелуваш да се откажеш од верата? Да, тоа е она кое чека да биде полевано со разбирање и афирмација, она длабоко под нас, под нашата свест. Оној миг кога ќе започне свесното да работи на лошите уверување под нашиот растресит слој, тој е мигот кога својата мисија ја предаваш на новите и желни за задоволителен процес, ученици, како што е неуморниот Флечер: ,,Нема граници, Џонатан?”. А за крај, синџирите постојат за ние да ја одгатниме сангвиничната и голема смисла на целта, и да го исполираме небулозниот клуч со нова сјајна прочистеност. Биди волкот кој е постојано гладен за грандиозна добивка од сопствениот потенцијал. Биди оној борбен галеб кој ќе докаже дека прашината што се крева, на крај се инкорпорира со себе-почитта, заминувањето. Бегај, кога ќе погледнеш дека околу тебе сите се заробени, бидејќи ти не живееш на слобода, живееш во кафез. А кога ќе го напуштиш кафезот, тогаш настапува слободата и те прославува со сјани пердуви од среќата на процутот. Зошто галебот лета – откриј со својата мисла, а зошто не запира – откриј со твоето голо душиче.“

viber image 2023 05 29 09 10 43 301

Ана Трајковска: Книгата е препорачлива за сите кои бараат инспирација и мотивација за да го најдат својот пат во животот. Опишувајќи ја приказната на Галебот, авторот ги истакнува вредностите на авантуризмот, духовноста и учењето преку искуство. Оваа книга е вистински класик и е преведена на повеќе од 40 јазици. Препорачувам да ја прочитате и да се вдомите во пораките што ги носи, за да го најдете својот пат во животот.

Во книгата, Џонатан Ливингстон е млад галеб  кој бара да го надмине своето секојдневно постоење и да открие својата вистинска суштина. Тој се бори да ги преземе ограничувањата на својот вид и да усвои висок потенцијал на својот разум. Во суштина, Џонатан Ливингстон е симбол на авантуризмот, духовноста и научувањето преку искуство. Книгата го претставува неговиот пат на откривање на вистинската природа на животот. Преку приказната на Џонатан Ливингстон, Ричард Бах истакнува вредностите на личниот раст и развој, барањето на својот личен идентитет и смисла на животот. Мојот впечаток за книгата е дека пренесува порака за мудрост, смисла на животот и барањето на својот личен идентитет. Воопшто, мислам дека книгата е инспиративна и може да има позитивно  влијание врз читателите. Може да им помогне да го пренесат своето размислување и да заземат позитивен став кон животот.

meblo trejd cesmi во crni
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…