devojceto so seda kosa nas

Секој човек е книга, секоја книга е нечиј живот. Што се всушност книгите?Запишани животи, отсонувани-неостварени соништа…во животот најмногу боли растењето.

Леон Елмазовски, ученик во прва година во Горната Гимназија „Ј.Б.Т.“ – Битола ни ја препорачува книгата: „Девојчето со седа коса“

„На детето не му треба светот, туку обратно – на светот му е потребно детето. Затоа што децата учат преку чувственост, а светов знае само за бесчувствителност“.

На ти слепче оче е state of mind, не за очите.

„Девојчето со седа коса“ е роман во кој се раскажува за семејното насилство врз децата (причините, последиците и справувањето со нив). Живот испишан на парче хартија, со цел да ги опомени наредните генерации – како треба, а како не би требало да биде.

Прирачник од прва рака за оние кои се наоѓаат заглавени во сопствените емоции, сопнати од сопствениот страв и притиснати во сопствените заблуди.

Четиво кое ја потенцира улогата и важноста на родителот во растот и развојот на личноста кај детето.

Вистинска приказна: пишувана од срце – филтрирана низ призма на мајка.

„Некогаш е подобро да се пушти оној што се сака, за да може да се сака. Затоа што и водата ако остане, езеро ќе се стори – мислата лоша ако се собере, сигурно поплава ќе се вика“.

И потем, така ќе научиш оти балерините се најкревки кај што најцврсто се држат…Најјаки се на местата каде најмногу ги боли! И вртат, се веат надвиснати над болката своја, да помисли човек оти таа лично сама нагоре ги крева. А, никој освен неа не помислува дека ако запре, уште повеќе ќе страда. Не може обичен човек да знае како е да си примабелерина на болката своја…

326270051 574524910788428 2055822843167145426 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…