Утре, 16 август во Центарот за култура Битола со почеток од 19 часот ќе се одржи Гала концерт на музика од филм, кабаре и мјузикл заедно со Камерниот оркестар на Битола како завршница на 23. Интернационален музички фестивал MUSICLAND.

Натпреварувачкиот дел од фестивалот се одржува во Охрид, а 15-те најдобри интернационални натпреварувачи ќе настапат на гала концертот во Битола.

Директорот на фестивалот, Тони Алексовски на битолчани им ветува незаборавна вечер каде интернационални изведувачи, кои се големи музички имиња во своите земји ќе приредат шоу за уживање со песни од филмска музика, кабаре и мјузикл.

Карактеристично е тоа што ова е еден од единствените фестивали во Европа кој има ваква концепција и ваков репертоар на натпреварување.

Имено, учесниците прво настапуваат со поп песна на мајчин јазик или поп песна на било кој друг странски јазик и песна од категоријата филм, кабаре и мјузикл.

Фестивалот има 5 возрасни категории, првата категорија е од 5-9 годишна возраст, втората е од 10 до 12-годишна возраст, третата е од 13 до 15-годишна возраст, четвртата од 16 до 19-годишна возраст и петтата од 20 до 35-годишна возраст.

Оваа година на фестивалот има над 50 учесници од 18 држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…