vasko naslovna

Младиот историчар Васко Гичевски ја промовира својата прва книга „Современото македонско општество и воспитно – образовниот систем“ – Критички есеи за нашето општество, книга која влева огромна надеж дека во Македонија има будилничка мисла, млади луѓе кои се осмелуваат јавно да говорат, а питоа тоа да не бидат пофални и помпезни слова, туку ориентирани критички со цел да се посегне кон подобра иднина.

promocija1

Гичевски запиша: „Во природата на човековиот дух е да прави психолошки бариери и проекции, да гради своја комфорна зона , односно да ги одлага и прикрива реалните проблеми за определено време, а притоа да чувствува определено задоволство. Ако оваа аналогија се пренесе на социо-политичко и општествено-економско ниво, тогаш тоа значи дека овој мораториум  на владеачките кругови им носи власт, моќ и пари. За разлика од придобивките кои ги имаат властодржците, населението ја пробива рамката на сиромаштија секоја година сѐ повеќе, се руинира производниот систем, а тоа по природа генерира невработеност, а невработеноста социјални немири и проблеми. Немање економски средства и слаб примарен сектор предизвикува крах во терцијалниот сектор. Оттука, сосема едноставно е да се заклучи зошто  во основа ги имаме проблемите во здравството, образованието како два носечки столба, кои, кога попуштаат, носат потполн крах на општеството како целина. Овие претпоставки налагаат да се постави едно важно прашање. Како во ваков период на „одлагање“ во суштина преживуваат политичките партии и политичари кои се присутни на политичката сцена колку што е и овој мачен период?“ Во книгата се сместени 20 есеи.Промотори на книгата беа: Пеце Трифуновски, филозоф и просветен работник .

promocija3

Рецензент на книгата е историчарот д-р Алаександар Литовски. Линк до електронското издание на книгата.

meblo trejd cesmi1
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…