foto kolonija

Здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повикува сите заинтересирани лица на возраст од 18 до 35 години кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија да се пријават за учество во првото издание на проектот -ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 – кој е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Главна цел на проектот е создавање на фотогафска архива на објектите од културно значење за ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН.

Проектот ќе се состои од дводневна фото работилница која ќе ја водат Роберт Јанкулоски и Далибор Митковски. Обучувачиет ќе ги водат учесниците на обуката низ процесот на фотографирање и обработка на фотографиите и со нив ќе споделат искуства и совети околу создавањето на квалитетни фотографии.
Сите учесници на колонијата ќе имаат можност за учество во мултимедијалната фото изложба ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 – која воедно ќе биде презентација на авторските трудови на учесниците во колонијата
На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани фотографи аматери и професионалци.

Колонијата ќе се реализира на 21 и 22 јуни во Битола
Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, и протфолио од минимум 5 фотографии на адреса , [email protected] со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 најдоцна до 05.06.2023 година.

Услови за пријавување:

  • Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 35 години,
  • Да живее во регионот за кој е наменета колонијата .

Бидејќи бројот на учесници/учеснички во колонијата е ограничен на 20 лица, ќе се направи селекција на кандидатите/ кандидатките кои ќе учествуваат во колонијата.
Трошоците за учесниците на колонијата ќе бидат во целост покриени од организаторите.

Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници/учеснички на колонијата во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.

viber image 2023 05 26 13 39 42 755
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…