Синоќа во Кино Браќа Манаки, со проекција на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022) од режисерот Иво Трајков започна фестивалот ,,300 работи, триста. Битолската премиера на овој филм, беше со исполнета сала. ,,Љубов, страст, надеж, грев и казна” – овие зборови најдобро ја опишуваат атмосферата на најновиот филм на Иво Трајков, кој се смета за симбол на модерната Содома и Гомора.

received 1989024114796735

Визуелно прекрасна приказна, инспирирана од кратката приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер [František Švantner], овој филм се истакнува со својата оригиналност и реткост во пристапот кон темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија, Трајков суптилно и без призвук детално ја пренесува атмосферата на историска драма и ги проследува хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – аспекти што се исто така актуелни и денес, како и во времето пред Втората светска војна.

Филмот ,,Некрстени денови”, дело на словачко-македонско-чешка копродукција, го одбележуваат многу учествувања на меѓународни филмски фестивали и низа награди, вклучувајќи ги оние на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Монтреал и други.

meblo trejd stupcina
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…