ЕСМ Молика започна со целосна реконструкција на Автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското езеро. Целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.

За првпат после 50 години од изградбата на Автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија.

Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори.

Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското езеро.

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација.

Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, ЕСМ Молика ги извести за градежно – занаетчиските работи кои започнаа во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени.

После целосната реконструкција на Хотелот Молика, прва после 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

Сирма Спиркоска поканета на 25. колонија во Евора, ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола со 40 награди од Португалија
Организаторот на светската детска ликовна колонија по конкурс „Евора" во истоимениот град …
Дисциплина, послушност и самоконтрола кај малите деца со методот Монтесори
Од сите главни области на самоформирање на детето – координирано движење, независност …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…