Ученици и родители од завршните одделенија од основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“, „Даме Груев“ и „Трифун Пановски“ – Битола како дел од Фестивалот за еко-мобилност, возеа велосипеди од спортската сала „Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа во Зоолошката градина низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5-ти јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците.

На настанот беа присутни и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.

meblo trejd mialnici 2

На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – им ги додели наградите на најдобрите учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.

351322462 671107378363059 8687703809290925279 n

Наградени ученици се;

1 награда
Леона Лазаревска
Филип Макаријоски
Мартин Кочанковски
Јована Радевска

2 награда
Андреј Бошевски
Христина Ивановска
Анифе Џеловска

3 награда
Мила Дрогишка
Јана Велевска
Томислав Атанасовски
Давид Атанасовски

Менторите: Наташа Настевска, Гордана Јанкуловска, Катерина Солаковска, Наташа Тодоровска

Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.

jk kipar carter
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…