бутин Биљана

Пишува: Биљана Т. Димко

Сите сакаме да бидеме сакани и почитувани, но ретко кој не се плаши од одговорноста, да се даде и да се подари безрезервно.

Звучи утописки, така? Зошто? – Затоа што живееме во материјален свет, во кој не владеат уверувањата – „си се допаѓам каков што сум или работам на тоа да сум подобра личност…“, туку уверувањето „неопходно е да се вклопам во друштвото поради работа, професионално….“.

couple 1934204 640
meblo trejd cesmi

Машко-женски односи, или алфа и омега во човечката цивилизација.

Каков е профилот на новото време?  – Тажен.

Седиме во кафуле, во центарот на градот кој одамна живурка под приматот под кој е познат, а го сакам поради неговото натенане кое е чиста спротивност на мојот приватен животен распоред.

Околу една маса седат машки ликови кои изгледаат пристојно и интелигентно, на друга маса, околу, седат женски ликови, исто пристојно и интелигентно, изгледаат. Единствените активни ликови во кафулето се келнерите. Нема ништо ново во тоа дека се зјапа во телефоните и наместо face to face контакт имаме пишани разговори кои се дават во правописни грешки и несоодветно сфаќање на напишаното/кажаното, бидејќи додворувањето и начинот на пристап е наука и бара одредена доза начитаност и писменост.

viber image 2023 05 22 11 51 43 588

Да, говорам за додворувањето. Но не во пијана или друга агрегатна состојба. На трезно. Првенствено со цел да се оствари контакт, значи методот на додворување не мора секогаш да значи романтично однесување, може да резултира со пријателство.  Да, според мене може да постои машко-женско пријателство и притоа да нема нус појави во хромозомската слика.

Сте го читале романот „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин, најпознатиот книжевен пар г-дин Дарси и Елизабет Бенет –  ако не, прочитајте ја, има што да се научи ако се сака.

Животот не е холивудски филм, туку европска драма. Уште од исконот, антрополошки кажано, мажот е ловецот, а жената е пленот, за да се активира ловецот, пленот неопходно е да даде некаков знак на присутност, во неговата природа е да лови, освојува, да биде признат, почитуван, да биде прв, да биде прашан и уште од мали нозе да му се даваат одговорности при тоа што ќе му се придава голема важност т. е  браво, бидејќи маж без самодоверба е тешка категорија на граѓанин.

Нема ништо лошо во тоа што жените сѐ повеќе стануваат социо-економски независни, но, со оглед на тоа дека тие се природниот портал за вселување во светот, неопходно е да повнимаваат на нивното однесување кон спротивниот пол, со оглед на тоа дека недостижноста им одговараше на генерацијата која сега се баби, бидејќи стапувале во брак прилично млади и ако се прашаат поим немаат зошто. Високообразована жена не смее да си дозволи да биде манипулирана, а е неопходно да биде социјализирана.

couple 5367555 640

Машкиот и женскиот пол се целосно различни света, кои природно имаат тенденција да се спојат и да продолжат како такви понатаму, нема потреба од сфаќање, посебно разбирање, туку прифаќање. Не сме тука за да промениме некого, освен ако има желба тој самиот да се промени, но неопходно е да се расти во една врска- заедно, доколку нема таква можност – ништо страшно, крајот е нов почеток.

За среќа. Сведочам за доаѓањето на една нова генерација, која е ослободена од стереотипите кои се бетонирани во менталниот профил на нашето општество. Тие умеат да селектираат што е добро, а што лошо за нив, овие луѓе не се потчинуваат на послушност, туку се поделени меѓу интутивното и рационалното, па така созреваат многу рано.

meblo trejd cesmi1
jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Кој е навистина слободен?

Пишува: Биљана Т. Димко Време е чекор по чекор да се припојуваат…