9

Според официјалните резултати од 56-тиот детски ликовен конкурс кој се организира без прекин во градот Швед во Германија под насловот “FLOW” 9 ученици на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола се добитници на највисоките награди и признанија.

5

Кон домаќинот кој повеќе од 25 години детскиот ликовен конкурс го организира и како меѓународна манифестација пристигнале над 5.000 дела од над 23 земји од кои Македонија за прв пат зема учество преку Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола како единствен претставник досега.

4

Интернационалната жири комисија селектирала 1.500 детски ликовни цртежи од кои 700 се на број оние кои ќе бидат дел од официјалната поставка за 56-тото издание и во кои се доделуваат согласно годишната возраст низ 10 категории од 4 до 20 годишна возраст и соодветни награди од кои најголеми се топ 5 во својата категорија и 10 најдобри индивидуални пристапи во ликовното изразување.

7


Покровител на конкурсот, а воедно и Претседател на жири комисијата е Градоначалникот на Швед што е традиција стара 55 години.

6

Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола наградени се: Јана Стојановска [ 7 години ] – Мила Атанасовска [ 8 години ] – Кристијан Николовски [ 8 години  ] – Јана Кировска [ 9 години  ] – Ивана Неданова [ 12 години ] – Лина Вржалковска [ 12 години ] – Стефанија Милошевска [ 14 години ] – Анастасија Наумчевска [ 15 години ] и Меланија Кондовска [ 15 години ].

1

Организаторот го извести и Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола дека годинешниот успех е еден од позабележителните особено од страна на едно школо кое претставува нова земја – држава.

21

„Ние сакавме да пратиме на работилниците и дел од поголемите ученици кои добија награди, но согласно финансиите и состојбите решивме дека возраста не смее да е пречка помал ученик со поголем успех да не патува и си ја подигне својата награда. Затоа и само ќе ги примиме наградите.

Воедно, бидејќи во периодот кога ќе е церемонијата на свечено доделување ние сме во Тирана – Албанија каде по проект од Министерството за култура во КИЦ на Македонија во Тирана ќе го одбележиме и 8-ми Септември Денот на независноста, решивме оваа година во тој месец таа активност да ни е приоритет.

Наградите од работата и огромниот уметничко ликовен капацитет на нашите членови си доаѓа самиот по себе и ние сме задоволни што оваа година скоро и да нема конкурс и изложба на која не сме присутни, а со тоа и наградени” – истакна Томислав Стерјев – координатор по ликовни активности од ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…