Училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ од минатата година започна интензивна соработка со непрофитабилната организација од САД „Macedonia Schools Project“.
Носител и координатор на проектот е наставничката по математика Лилјана Василевска, која со помош на директорот Роберт Филиповски остварија неколку замислени идеи.

donacija 01


Имено, во рамките на оваа успешна соработка се обезбедени повеќе од 6000 американски долари, кои беа наменети за: нагледни средства за кабинетите, три клима уреди, а годинешната донација (2500 американски долари) беше искористена за целосно опремување на две училници за најмалите ученици-првачињата.

donacija 02


Училниците сега добија нов современ изглед на училница од 21 век, каде учениците уживаат квалитетно поминато време, користејќи го катчето за релаксација заедно со добра книга. Нивните насмеани лица кажуваат повеќе од пишаните зборови, секако бескрајна благодарност должиме до Macedonia Schools Projekt, без кои ништо од ова не можеше да се реализира и да стане наше реално секојдневие.

donacija 03


Се надеваме и имаме желба оваа соработка да продолжи во иднина со уште поголеми проекти.
Голема благодарност и до директорот на MSP Том Линехам , како и до Васја Јорданова без чија помош немаше да се овозможи оваа успешна соработка.

meblo trejd kupatilo
Интернационален успех на Тамара Грујеска – музички амбасадор на Македонија
Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар, полуматурантка и веќе афирмирано име на детската …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…