Утре, во рамките на Еразмус проектот „Гејм он“, ученици од ОУ „Даме Груев“ Битола ќе реализира ликовен хепенинг на новата сцена при Центарот за култура Битола во кој ќе се вклучи група од 20-тина деца од 5 земји. Како почетна форма на хепенингот на сцената ќе се појават учениците од „Даме Груев“ кои ќе започнат интерактивен перформанс со текст произлезен од процесот на подготовка на хепенингот на тема „Уметноста како можност за справување со стресот кај младите“, а потоа и ќе анимираат и заедничка ликовна работилница со публиката. Основната цел е да се разбудат емоциите и чувствата при креирањето – создавањето.

pretstava vesna naslovna

Хепенингот, кој е од затворен тип е под раководство на Весна Дунимагловска, ликовен уметник, наставник по ликовно образование во ОУ „Даме Груев“, а координатор на ЕРАЗМУС проектот е Соња Јанкуловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…