Дека билјардската еуфорија и тоа како владее се покажа со турнирот кој што се одржа во период во годината кога повеќето размислуваат за тоа, каде на одмор, а официјално сезоната е на вообичаена летна пауза. Во прекрасниот клуб The First во сопственост на д-р Иван се одржа промотивен турнир во Дисциплина 9-ка, Струмица Опен, информираше Горан Думевски Панчо.

288068699 479223617340768 154146525190212245 n

За сите да се чувствуваат како дома се погрижија сопственикот Иван, менаџерот Александар Ате, љубезниот персонал и секако најзаслужните, големите ентузијасти и билјард играчи од Мики Тодоров и Марјан Стоилов кој беа и водители на турнирот. Публика имаше како никаде на друго место и несебично ги наградуваше сите добри потези без притоа да фаворизира некого. Имаше вкупно 28 играчи и може да се каже дека беа присутни сите најдобри играчи од Македонија. Се играше по системот на двојна елиминација тоест дозволен е еден пораз, а се играше до финале на победниците со тоа што во големото финале, Победникот од т.н.Зелена зона го чека победникот од губитниците тоест од Црвената зона и се добива освојувачот на турнирот. На пиедесталот беа тројца играчи и тоа Илче Трајковски од Битола кој што после перфектниот учинок во саботата како да му снема сила во финишот и мораше да се задоволи со третото место. Втор беше Дејан Сипкоски од Скопје, играч со најголеми успеси во Македонија, но во финалето налета на забревтаниот битолчанец Христо Василевски кој со перфектни шест чисти победи издоминира на турнирот. Според она што можеше да се види на овој турнир од Христо можеме слободно да констатираме, а секако кога би направиле споредба со се она што се случува во светот дека е на вистинскиот пат.

288553274 717035296221447 5352132017925692457 n

Неговиот пристап кон играта во поглед на користење на услуги од еден од најдобрите Европски тренери Ш. Тот па и неговата желба за секојдневни тренинзи, смиреноста кога не е на маса, обмислувањето на играта, изборот на удари, поставеноста и правецот на телото сето тоа укажува дека неговата доминација на македонската билјардска сцена е на повидок и повеќе од извесна. Организаторот на турнирот обезбеди богат награден фонд и најави нов турнир за наесен со награден фонд досега невиден во Македонија, информираше Горан Думевски Панчо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…