Како резултат на соработката која ја воспостави општина Битола со Фудбласкиот клуб Бенфика од Португалија, претставници од нивната светски најдобра младинска школа, деновиве гостуваат во Битола. Целта е да се согледаат големите искуства во создавањето на добри фудбалери и истите да се применат како добри совети за понатамошната работа на школата на ФК Пелистер.

291167467 3103569879908508 4657535927801926100 n

Мигел Риес, менаџер на фудбалската школа, денес од Битола, порача дека ова е почеток на една многу важна соработка.

„Секогаш претставува задоволство да се посети Макаедонија, а особено овој историски клуб кој е дел од историјата не само на регионот, туку и на Македонија. Главната цел за сите нас, е секако развојот на младите. Работам на развој на младите и тоа е главната можност која ја гледам за започнување на нови партнерства за соработка со Бенфика како и напредок и скаутирање на млади играчи. Ова исто така претставува наша цел и во Македонија. Идниот пат, ќе работиме заеднички со надеж дека ќе направиме одлична работа, со нови фази и нови деца кои ќе бидат дел од македонскиот национален тим како и тимот на фудбалскиот клуб Пелистер“, вели Мигел Риес, менаџер на фудбалската школа на Бенфика.

fk pelister 2

Спортскиот директор на ФК Пелистер, Ванчо Мицевски, го нагласи значењето соработката, во насока на стимулација и развој на спортските таленти од школата на битолскиот клуб, по примерот на светскиот гигант „Бенфика“, чија младинска школа годинава, го доведе нивниот клуб на нивото на освојувачи на Лигата на шампиони до 21 година.

„Знаеме Бенфика каков гигант е во европскиот и светскиот фудбал. Во последно време нивната школа мноту добро работи и е помеѓу водечките во Европа, ако не и најдобри. И нормално ние како Пелистер, како македонски бренд во фудбалот, познат и преку школата од каде секогаш излегувале добри играчи, од таков гигант секогаш може нешто да се научиме. Оваа соработка, веќе ја најавивме во зимскиот период. Сега имаме нешто поконкретно. Дојде нивниот претставник, на нивните младински школи и се надеваме дека ќе имаме ново искуство, ќе купиме некои работи од нив, она што тие го применуваат за да создаваат играчи од светски калибар, но сега се тоа во македонски, балкански рамки. Сепак, чекор по чекор мора да одиме кон фудбалска Европа“рече Ванчо Мицевски, спортски директор на ФК Пелистер, на денешната средба со Мигел Риес.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, најави дека, идната година, планирано е одржување на младински камп, со тренери од школата на „Бенфика“, што го отсликува новиот пристап на локалната самоуправа кон развојот на спортот во градот.

291319492 3103570139908482 6780831627579505115 n

„За нас, ова значи многу, посебно во делот на соработката на младинските школи. Планираме идната година, прочуената фудбалска школа на Бенфика, да дојде тука, во организација на ФК Пелистер да се направи еден камп, кој ќе вклучува деца не само од Битола, туку и од регионот и пошироко. Тоа се нови искуства, нови предизвици за нас, нов пристап кон фудбалот, тоа е добро и за нашите тренери, посебно за градот, се надевам дека тоа би значело многу“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Том Круз, Дејвид Бекам, војвотката Кејт аплаудираа на нејзините пресуди – Анета Павловска судеше на Вимблдон

Битолчанката Анета Павловска, една од најдобрите македонски тениски судии, судеше на годинешното…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…

Средба после 20 години на ракометарките и стручниот штаб на ЖРК Пелистер

На иницијатива на тренерот Борче Марковски кој работи професионално на Фарски Острови,…