jazz festival vtora vecer 7

Директорот на Jazz Factory Festival – Bitola, проф. Сашо Поповски, по вторпат е дел од International Partners Council на Jazz Juniors – Kraków, Полска, по повод 50-тото издание на еден од значајните европски џез фестивали.

Од 1 до 5 октомври, Поповски ќе учествува во работата на меѓународниот фестивалски совет, каде што ќе има можност за размена на искуства, воспоставување нови контакти и отворање можности за идни соработки со претставници на меѓународната џез сцена.

„За мене, ова учество не е само лична чест, туку пред сè можност за претставување на македонската џез сцена, Битола и нејзиниот културен потенцијал пред меѓународната џез заедница. Како директор на Jazz Factory Festival – Bitola, продолжувам да работам на создавање мостови меѓу македонските музичари и меѓународната џез сцена – преку соработка, размена, вмрежување, нови партнерства и отворање можности за развој и промоција на македонските уметници“, истакнува Поповски.

Посебен фокус за време на престојот во Краков ќе биде и презентацијата на Националната џез платформа на Македонија – иницијатива чија цел е поврзување на македонските џез музичари, Музичката академија при УГД – Штип, фестивалите, институциите и организациите, како и нивно поактивно вклучување во европските и меѓународните џез мрежи.

Учеството на Поповски во International Partners Council претставува можност и за дополнително промовирање на Битола како град со значаен културен и фестивалски потенцијал, но и за претставување на македонската џез сцена пред професионалци и организатори од Европа и пошироко.

„Од Битола до Краков. Од Македонија кон Европа и светот. Од фестивалска сцена кон нови партнерства и можности“, порачува Поповски.

Тој додава дека македонскиот џез има потенцијал за поголемо присуство на меѓународната сцена.

„Верувам дека македонскиот џез има што да понуди на меѓународната сцена – со својот талент, креативност, авторски израз и енергија. Jazz Factory Festival продолжува да гради мостови. За македонскиот џез да биде слушнат, препознаен и поврзан со светот“, додава Поповски.

Огледало без лице
Тој секогаш се враќаше дома со мирис на други улици. Не беа …
Зошто шафранот е еден од најскапите зачини во светот?
Неговите тенки црвени нишки се користат во кујната илјадници години, но зад …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…