Тешко е да го замислиме денешниот свет преполн со технологии без реклами и маркетинг. Живееме во време во кое што, бизнисот за да биде успешен освен со квалитет и добра услуга, треба да се издвои и на други начини. Потрошувачите бираат да купуваат онаму каде што слушнале дека има квалитет или онаму за каде што им е повторено десетици пати преку различни алатки и платформи дека има квалитет.

Во време на глобализација и интернационализирање на мали и големи бизниси се почесто се зборува за интернационален маркетинг. Ако го анализираме подлабоко терминот интернационален маркетинг, може лесно да се разбере дека станува збор за маркетинг кампањи кои се вршат во повеќе од една држава. Неизбежно е да се напомене и за важноста на дигиталниот маркетинг, кој во последно време зема огромен замав не само преку социјалните мрежи, туку и преку различни други платформи, веб-сајтови, видео игри и слично.

ux g516f03270 640

Очекувано е спроведувањето на дигитални маркетинг стратегии да се разликува од држава до држава и дел од причините за тие разлики можат да бидат: степен на развиеност на технологија, степен на развиеност на едукација во таа сфера, степен на запознаеност со дигитален маркетинг, прифатливост од страна на населението и др. Исто така голема улога во спроведување на дигитални маркетинг стратегии може да игра и големината на пазарот.

Според ,,Digital Marketing Institute” земји со најголема побарувачка на кадри во тој сектор се:

  • Канада
  • Индија
  • САД
  • Обединети Емирати
  • Австралија
  • Ирска
  • Филипини
  • Обединето Кралство

Лесно може да се заклучи дека земјите со најголема побарувачка во тој сектор се всушност едни од најразвиените и економски најсилните држави во светот или се држави во развој и подем на економијата. Во овие земји се користи напреден вид на дигитален маркетинг:

  • Маркетинг на социјални мрежи
  • Е-маил маркетинг
  • SEO
  • Google реклами
  • Реклами со банери преку видео игри и сајтови

Во споредба со овие високо развиени земји дигиталниот маркетинг во Македонија е во рана фаза на развој и освен за надворешни странски компании, вистински дигитален маркетинг ретко во која домашна фирма има примена. Од она што може да се забележи можеме да дојдеме до заклучок дека во Македонија најпопуларни начини за дигитално рекламирање и маркетинг кампањи се:

  • Веб сајтови и банери
  • Рекламирање преку Facebook и Instagram
  • Е-маил маркетинг

Важно е да се додаде дека дигиталниот маркетинг има потенцијал и можност за развој, а исто така дека има место за понатамошно подобрување. На пример Google рекламите се се уште слаба страна и македонските веб сајтови ретко кога избираат да ја користат оваа можност за искачување на почетокот во резултатите од пребарување на Google. Причините можат да бидат различни, а едни од најлогичните се дека македонските бизниси се уште веруваат дека луѓето се понаклонети да ја посетат физичката продавница или да го напишат името на продавницата директно на Google отколку да бараат преку некои клучни зборови.

Неопходно е да се спомене и дека SEO е сеуште ниско популарно, но несвесно или свесно користено од многу онлајн продавници.

seo g6f4449270 640

Можеме да заклучиме дека дигиталниот маркетинг во Македонија и во другите земји се разликува пред се во степен на развиеност, а потоа и во начинот на имплементацијата. Македонија има квалитетен и едуциран кадар кој може да понуди ефективност кога бизнисот ќе биде подготвен да примени ваков тип на маркетинг стратегии. Развиеноста на другите економски посилни држави може да послужи само како пример и насока за понатамошен развој.

Автор: Кристина Димчевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…