После успешната сезона во Гвадалахара, Шпанија, 24-годишниот ракометар Дарио Петровски се врати во родниот град. Вели, Битола му недостигаше, па затоа изминатиов период откако се врати дома, слободното време го поминува со пријателите, да го надоместат она што го пропуштиле додека тој беше во Шпанија.

„После мојата прва сезона надвор од дома, која се заврши на најдобар можен начин, се вратив во Битола. Нормално, после 9 месеци поминати во странство ми недостигаше пред се моето семејство, другарите и нормално градот, Широк Сокак и битолската кафе шема. Слободното време го поминувам најчесто со најблиските другари со кои секојдневно пиеме кафе и разговараме за времето кое не бевме заедно, што се случувало тука во Битола и кај мене во Гвадалахара“, вели Дарио за Читај бе.

дарио петровски

Дарио ни откри дека ќе игра во нов клуб, откако спортски се разгедиле со Гвадалахара, но не открива детали за неговиот следен предизвик. Дотогаш, ни рече дека е на неопределен годишен одмор во Битола кој ќе го искористи за одржување на физичката кондиција.

„Засега немам рок до кога ќе бидам тука затоа што уште немам одлучено каде ќе продолжам од септември. Имам неколку понуди за надвор од Македонија, за што треба да одлучиме со мојот менаџер, која би било најдобрата опција моментално за мене. Така што засега сум на неопределен годишен одмор.( хахахаха). Времето ќе го исполнам како и до сега со дружба и нормално секојдневен тренинг или некоја активност како возење велосипед, искачување на пелистер(пелистерските очи, антена, неолица.) и слично. Иако имав и имавме добра и успешна сезона со екипата на Гвадалахара, спортски (другарски) се разделивме. Така што со сигурност ќе имам нов клуб, но за него ќе зборуваме во следното интервју…, вели Дарио.

Инаку Дарио беше еден од најзаслужните играчи на Гвадалахара кои помогнаа овој клуб после една година да се врати во Асобал лигата.

meblo trejd lajsni
Кркардаш или „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ е бедем на христијанската љубов и единство
Православниот храм посветен на „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ претставува духовен чувар …
Тишина во стиховите: Денот на поезијата во сенка на тагата
Во овие денови на тага, кога Македонија жали за трагичната загуба на …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…