Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски наставнички присуствува на првите две работилници „Да ја вратиме љубовта кон читањето книги“
Работилниците беа концепирани во 60 минути.
На првата работилница – учениците работеа во парови, читаа изводок од книга за деца , подоцна направија илустрација од прочитаното и кратко прераскажување на извадокот.
Втората работилница беше насловена „Да ја раскажеме македонската азбука“. Секој ученик имаше задача да напише по една реченица, така што истовремено ќе направи состав за македонската азбука, односно ќе ја содржи по ред секоја буква.
Целта на овие работилници е да ги извади учениците од училница и да им понуди и друг начин на учење освен формалното и задолжително учење. Според реакцијата на учениците – неверојатно многу може да се научи преку игра, преку пат на асоцијации. Книгите се присутни меѓу нас за да нè поттикнат да размислуваме креативно, па така ќе можеме околината во која да ја живееме да ја направиме поубаво место за живеење.
Друга важна цел на овие работилници е да се потенцира дека учењето носи среќа.
Овој проект е реализиран од Пелагонските културно-научни средби-Новаци чиј актуелен претседател е д-р Весна Калпаковска – класичен филолог, координатор Биљана Т. Димко – проф. по Македонски јазик и книжевност.
Проектот е поддржан од Битфест’23 во соработка со Културниот информативен центар – Битола.