10-годишниот Иван Димов од Битола е дете кое има неверојатен талент за сликање. Гледајќи ги сликите на овој млад уметник, особено портретите кои најмногу сака да ги црта, едноставно се воодушевувате од неговата вешта рака. Токму затоа поразговаравме со овој се надеваме иден архитект кој учествуваше и на 47-ма државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ во Центарот за култура. Го прашавме Иван кога му се роди љубовта кон сликањето што најмногу сака да слика и каде се гледа во иднина.

283604665 1406502399776891 3033748041525467416 n

„Јас сум Иван Димов, имам 10 години. Учам во ОУ„Даме Груев“ и сум 4 одделение. Пред 3 години изразив желба за цртање за ликовна изложба, заедно со помош на мојата мајка која исто убаво црта. Пратив цртеж и ми беше изложен. Потоа се запишав во приватната школа „Адам Арт“ кај наставничката Анкица Стевановска. Таму одам веќе 3 година. Најмногу сакам да цртам портрети со акрилни бои, но исто така ја сакам и техниката со молив. Имам учествувано на изложби со мои цртежи, сега ќе имаме нова изложба за скоро време со „Адамс Арт“ школата. Исто така и учествувам веќе 3-та година на Ликовниот конкурс во Словенија. Се усовршувам сé повеќе, многу подобар сум сега за разлика од кога почнав. Дома си цртам во слободното време, се опуштам кога цртам, многу ме исполнува. Во иднина се надевам дека ќе бидам успешен со цртањето, но исто така многу сакам да бидам и архитект да правам нацрти, вели Иван за Читај бе.

А токму неговите родители му се неговата најголема поддршка за овој млад уметник, особено неговата мајка Сашка која го дели талентот со својот син.

„Ние како родители потполно го поддржуваме и секако сакаме да го работи тоа што го исполнува. Како што кажа и Иван, и јас имам дарба за цртање, постепено увидов дека сака и тој да црта. Јас секогаш го советувам да продолжи да црта и да не се откажува од тоа што го сака во животот. Има учествувано на изложбите од училиштето „Даме Груев“ и учеството на оваа последна изложба е токму преку училиштето со поддршка на учителката Снежана Илиевска“, вели неговата мајка Сашка.

282339826 1269803803783565 7709950274829151512 n
иван
meblo trejd kosilka

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…