театар 1

Актерката Илина Чоревска се закити со уште една награда. Жири комисијата на XX Иинтернационалниот фестивал на античка драма Стоби кој се одржува во Велес, во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобра женска улога да се додели на Илина Чоревска за улогата на Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Н.У. Народен Театар Битола. 

IMG 7079 1024x588 1 edited

„Неизмерно сум среќна што во градот на моите претци, на мојот дедо ја добивам оваа награда, јас сум потомок на Трајко Чоревски. Претходната награда Војдан Чернодрински ја добив во градот на мојот друг дел од семејството, еве некако го заокружувам тој пат.Благодарна сум на фестивалот што нашата претстава се одигра на јубилејното издание на фестивалот, благодарна сум на жирито што ја додели наградата која ќе ја носам длабоко во мене во срцето и ќе ме поттикне понатаму да работам уште повеќе и уште подетално. Им благодарам на Себастијан и Милан што ми ја дадоа шансата јас да бидам таа нова Медеја која ќе го одбележи годинешниот фестивал, им благодарам на мојот театар и директорот Иван Јерчиќ кои ни оставаат простор да бидеме автентични и свои и да градиме улоги како што е мојата Медеја. Им благодарам на сите мои колеги кои ме поддржуваат, но и на оние кои не ме поддржуваат заради тоа што правењето на една улога доаѓа од различни правци. Оваа награда е за мајка ми со која поминавме една пеколна година“.

Исто така специјална награда за оригинално драматуршко толкување и авторство се додели на Билјана Крајчевска за “Жени во собрание”, режија на Ќендрим Ријани, продукција на Театар Комедија. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…