СОУ Гимназијата „Јосип Броз- Тито“  – Битола  учебната 2023/2024 година ја започна со употреба на унифицираните кутии со прегради за мобилни телефони. Ваквите унифицирани кутии со прегради веќе можат да се сретнат во училишта во Македонија и ширум Балканот.

viber image 2023 09 19 09 25 34 586

Пред почетокот на часот сите ученици заедно со професорот ги оставаат мобилните телефони во кутијата, се подразбира дека може да си ги земат телефоните по завршувањето на часоти да ги користат во текот на одморите.

„Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците, но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието“ – изјавија од Гимназијата.

viber image 2023 09 19 09 25 20 210

Мобилниот телефон не е наставно средство и им пречи и на учениците и на професорите во текот на реализирањето на наставата, така што им ги намалува вниманието и концентрацијата во текот на часот.  Ваквата одлука е поддржана од Наставничкиот совет, но исто така поддржана и поздравена од многу психолози и други стручни лица кои се занимаваат со добрите  и лошите страни на употреба на мобилните телефони кај младите луѓе во развој.  Можеби овој е мал чекор во моментов, но е значен, од негде мора да се почне и може серозно да придонесе за позитивни резулатите и во успехот и во поведението кај учениците.

За реализација на часови со ИКТ според наставната програма – Гимназијата располага со соодветна опрема, така што квалитетот на наставата е загарантиран и непречено се одвива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…