бутин Биљана

Пишува: Биљана Т. Димко

Бутин е алатка која се користела во македонските домаќинства, служела за изделување на млечните масти од млекото, т.е путер, но исто така со помош на бутинот се правел традиционалниот македонски освежителен млечен пијалок – матеница. Млечната маст се подготвувала во домашни услови со помош на бутинот, така што млекото се турало во вертикален бутин налик на буре и со помош на матало се бие млекото така што се прават масни топчиња – од кои се меси путерот – хранлив додадок во исхраната од дамнина, мануфактурното матење било најмалку триесетина минути, од денешен аспект прилично тешка работа, но во минатото им била дневна рутина на семејствата кои се занимавале со произведување на млечни производи и им бил извор на егзистенција.

Бутин ја крстивме новата рубрика на Читај бе која е „сад“ во кој ќе се „матат“ размислите или ако милувате колумни на оние кои имаат одлучено да не бидат слепи патници во животот, туку гласноговорници и на убавото и на неубавото, затоа што животот е еден и е вреден.

Живееме во време кога сите сакаме пофалби и не прифаќаме критики, живееме во време кога вредноста е форма, а не суштина.

Млекото само по себе има кус рок на траење доколку не се искористи брзо за други производи чиј основен продукт за подготовка е токму млекото: путер, сирење, кашкавал, јогурт, кисело млеко, матеница …

И …животот е краток и непредвидлив…за среќа, па никој не го откри рецептот за среќен живот, па мора секој да се избори за својата среќа, во обратен случај, другите ќе му го скројат животот – категорија на оштетени.

Целта на бутинот е комуникативна, да, целосно. За вкусен и квалитетен исход е неопходно перманентно матење, верувам дека телото се уморува, ама вреди. 

Морам да ја споменам другарка ми, неодамна разговаравме што е најважно за да функционира една врска, покрај првото скалило љубовта, таа рафално одговори „да се има муабет“. Животното искуство ми докажа дека ако двајца, тројца…немаат муабет тие не функционираат и пропаѓаат и тоа е нормално.  Додека има комуникација има надеж, ќе изникне решение, ако нема, нема ништо.

На крајот, ако барате идеален подарок за некого – подарете му дел од вашето време и делотворен муабет, небитно дали се работи за пријателство или романса, или семејни релации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…