belata

„Белата куќа го претставува патувањето на нашата нација, дефинирано од идеалите на демократијата, правдата и еднаквоста“. Преку покана со наведената порака, потпишана лично од претседателот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Џо Бајден и сопругата на претседателот, првата дама на САД, д-р Џил Бајден, можност за божиќна посета и тура на Белата куќа во Вашингтон имаше м-р Иван Дургутов, млад европски амбасадор и извршен директор на Европската бизнис асоцијација од Скопје.

Пишува: м-р Иван Дургутов

ivan 22

Божиќ во Белата куќа… Вообичаено, тоа е време за различни настани и празнување на повеќе традиции преку кои се испраќа старата и најавува следната година од центарот на светот.

ivan d 6

Чувството е неописливо, за што многумина би рекле и вистинско остварување на еден неотсонуван детски сон. Најубавиот период во годината, во центарот на светските случувања и во еден од најбелите, најрепрезентативни светски објекти – Белата куќа во Вашингтон.

ivan 7

Вистинска божиќна и новогодишна еуфорија владее овој декември во претседателскиот кабинет и резиденција во Вашингтон. Белата куќа е повеќе од магична за време на празниците и тоа благодарение на стотиците волонтери кои, секоја година, помагаат и ја украсуваат претседателската резиденција. Аплицираат илјадници, но се избираат само 300 среќници. Првата дама Џил Бајден ја одбра годинешната тема – магијата, радоста и чудото на празниците, низ призмата на детските срца и очи.

ivan 12

„Магија, чудо и радост“ е овогодинешната божиќна тема на американското претседателско семејство и на Белата куќа лоцирана во главниот град на САД. Семејството Бајденови, отворајќи ги портите на својот дом и кабинет, всушност го направи достапен за јавноста целокупниот новогодишен декор – преку 98 новогодишни елки, 72 класични венци и нешто над 140.000 празнични светилки.

ivan d 3

Минатата година, пак, темата беше инспирирана од мотото „Ние, граѓаните“ (We the People). Тоа се првите три зборови од Уставот на САД, за кои секој американски претседател дава заклетва дека ќе ги исполни. Овие едноставни зборови го сумираат американскиот идеал – дека најбогатата и најмоќната влада во светот ја црпи моќта не од нејзините лидери, туку од претставените граѓани.

ivan d

Декември во Вашингтон – при обиколката на Белата куќа која самата по себе е репрезентативен објект, посетителите сведочат за вистинската магија која го најавува католичкиот Божиќ и новите 365 денови.

Влегувајќи во источното крило од Белата куќа, посетата опфаќа и прошетка под дрвјата за кои првата дама изјавува дека таа и претседателот Џо Бајден биле вистински маѓепсани. Понатаму, следно изложено е дрвото „Златна ѕвезда“. Тоа е божиќното дрво кое е во чест на војниците кои загинаа за земјата и на нивните семејства. Секоја ѕвезда е изгравирана со име на загинат припадник на армијата, а токму семејствата на овие армиски припадници даваат помош во украсувањето на дрвото.

ivan 14

Во една од празнично декорираните простории, може да се забележи и т.н. „Бела куќа од ѓумбир“ која е направена од 40 листови за тесто за колачиња и ѓумбир, 90 килограми бонбони, 30 килограми чоколада и 50 килограми кралска глазура. Мирисот на ѓумбир, заедно со некои од омилените божиќни рецепти на првата дама се забележливи и во кутијата која го содржи официјалниот божиќен лампион за 2023 година, која е во форма на кружен новогодишен венец.

ivan 17

Сината соба, пак, ја открива официјалната новогодишна елка во Белата куќа, висока 5,6 метри, при што мало патничко вовче се врти околу основата на дрвото. Главната елка годинава е со доминација на црвени лампиони, а под неа се наоѓа и вистинско минијатурно снежно бајковито гратче.

ivan d 4

„Знам дека може да биде тешко да се најдат магијата, чудото и радоста кога деновите се пократки, а времето постудено, додека нашите срца се тажни поради проблемите во светот… Но, во овие мигови кога бараме надеж и закрепнување, тогаш сме си најпотребни едни со други“ – Џил Бајден.

ivan d 5

Да уживаме во неверојатната глетка и воодушевувачката празнична магија директно од Белата куќа и срцето на Соединетите Американски Држави преку фотографиите во продолжение…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…