nasl mon

На специјална свечена церемонија која Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ја организира и реализира традиционално веќе 55 години последната работна сабота пред почетокот на Новата година, на над 120 ученици кои се членови за школската 2023/2024 година им беа доделени над 350 награди – признанија – медали и дипломи кои учениците го освоиле од над 50 светски детски ликовни конкурси и учеството од над 5 светски детски ликовни колонии.

viber image 2023 12 23 11 41 11 369

„Не има на сите меридијани. Освоени се огромни награди од Индија преку Романија – Португалија – Бугарија – Германија – Словенија – Франција – Полска – Србија – Турција …Нескромно тоа се над 35О награди за нешто над 12О ученици за само 2О23 година а не учекува и “второто” полугодие во 2О24 година за кое имаме поприлично исто толку настани. Особено задоволство е што сите ученици се своевидно наградени или ликовниот талент им е препознат или признат во светски рамки во соодветна форма и категорија. 2О23 година апсолутно не имаше насекаде – 2О24 ќе не има повеќе!” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДСЛ “Свети Кирил и Методиј” Битола.

На свечената церемонија сите ученици се здобија и со Дипломи – Сертификати за признание за нивната редовност при ДСЛ „Свети Кирил и Методиј” Битола и континуиран напредок во негата и развојот на ликовниот талент.

„Секој ученик е своја приказна. Сепак возразната граница иако ја цениме како “деца” психолошкиот пристап при нега на талентот од наш член – ученик од 4 годишна возраст не е идентична со оние кои имаат 18 години. Се работи максимално посветено и дел од нашиот мал тим ќе работи и за време на претстојните Новогодишни и Божиќни празници со цел да се престигне со учество на светски реномирани детски ликовни конкурси. Задоволството да се работи со вакви млади ликовни таленти е непроценливо, а мене како нивни ментор ме прави радосен што сум мал дел од нивниот ликовен развој” – изјави координаторот за ликовни активности и учество светски детски ликовни конкурси и колонии – Томислав Стерјев.

ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола за прв пат прогласи и најдобар ученик за изминатата година. Маргарита Велјановска која освои над 3 златни медали и над 10 Дипломи – Награди и Признанија за 2023 година.

margarita

Веќе на големо се започнати активностите за најголемите и најстарите манифестации за светско детско сликарство за 2О24 година – светската детска изложба “Битола 2O24” по конкурс во своето 42 издание и светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” која во 2О24 година ќе го има своето 43 издание.

„2О24 година е исто така година на предизвик. 2О24 година ќе е и година во знакот на Коста Хаџи-Антоновски, но и на Париз и Франција. Година на летните Олимписки и Параолимписки игри и година на огромен број конкурси и колонии низ цел свет. Секако се тоа тоа ќе мора да го износиме сами. Веќе традиционално трета година и покрај пречките кои ни ги поставуваат ние опстојуваме. 1.5 година чекаме МОН да ни појасни зошто по 30 години ни ја прекина поддршката, но и зошто смешни финансиски поддршки се претставени како “одличен избор за најдобриот македонски бренд”? Малку нелогично. Така не се сака ни Битола ни Македонија. Така не се помага на ДСЛ “Свети Кирил и Методиј” Битола” но ние со нашите ученици и нивните родители си помагаме самите на себе. Оваа година имаме и парадокси. Ученички кои освоија второ и трето место на светска детска ликовна колонија под покровителство на УНЕСКО добија Признание од Општина Битола, но ДЛС не доби финансии за учество на 24-тото издание на истата колонија на која се учествува без прекин. МОН ни награди со 4-годишна стипендија ученичка како препознаен ликовен талент, а ни ја прекина поддршката без правен документ?! Овој последен настан за 2О23 година ни е и одговор на прашањето како ни е? Иако никој не не прашува. Одлично! 35О награди се скоро по 3 награди по ученик. И се тоа со наша активност и донации. Ако тоа на некого му смета ние ја имаме истата порака како и изминатите години: “И во Новата за оние на кои им сметаме во работата, вратата се затвора и од надвор … ” Не го разбирам немирот на фактот кој е основа на нашето постоење: “Секој ученик мора да ја добие заслужената нега и работа на развој на сопствениот ликовен талент. И тоа бесплатно. 55 години без прекин. Секој ученик кој добил било каква форма на награда или признание за тој труд во име на ДЛС – Битола или Македонија мора да си ја подигне од земјата каде бил амбасадор на сопствената. Или едноставно – се додека има и еден ученик кој сака да слика – ние ќе постоиме и ќе сме тука за него” и ова не се празни фрази, ами постулати кои ни ги оставил Хаџи-Антоновски.”– изјави Славчо Неделковски – претседател на Управниот одбор на ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

meblo trejd mialnici
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…