Викендов, продолжуваат возбудувањата од ВМУ Европскиот шампионат, а со тоа и нова шанса за пиедестал на битолскиот мотоциклист Синиша Кочоски.

На програмата е деветтата и десеттата рунда од регионалното натпреварување, а мотоциклистите своите квалитети ќе ги одмерат на националната патека „Навак“ во Суботиште, Србија. Кочоски во Србија патува полн со оптимизам, позитивни вибрации и во одлична форма.

306460835 1305991296811254 2052920132103514481 n

Така беше и на претходниот натпреварувачки викенд, кога на патеката во Плевен заврши на втората позиција во категоријата Ф1.000. До крајот на шампионатот преостануваат уште четири трки.

Покрај во Суботиште, ќе се вози уште и на патеката во Серес, Грција. Првата трка во Србија е закажана за в сабота, кога ќе се одржат и официјалните квалификации. Битолчанецот вториот настап на патеката „Навак“ ќе го има в недела.

Во досегашниот дел од сезоната, Кочоски двапати се искачи највисоко на пиедесталот, пет пати го освои второто место и еднаш заврши како четврти.

    meblo trejd cesmi
    Со награди за најдобрите заврши јубилејниот „Мал битолски Монмартр“
    Успешно заврши јубилејното 45. издание на „Мал битолски Монмартр“, една од најзначајните …
    Кога зрачите со светлина, ги нервирате оние кои живеат во темнина
    „Зависта е илјада пати полоша од гладот, бидејќи тоа е духовна глад“ …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

    Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

    Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…