Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола со четири екипи, машката и женската екипа во ракомет, како и тимот за пинг понг и тимот во шах ќе учествува на Балканските училишни спортски игри кои ќе се одржат од 12-ти до 16-ти јуни во Охрид.

„Како шампиони на Гимназијадата одиме на меѓународно ниво, многу повисоко“, вели професорот Михајло Силјанов.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт ќе организира ОТВОРЕНИ БАЛКАНСКИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ – „ОХРИД 2022“. Целта е зближување на младите спортисти од Балканот, создавање нови познанства, премостување на разликите и обид преку спортот да ја реализираат идејата за ОТВОРЕН БАЛКАН.

На игрите учество ќе земаат околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Натпреварите ќе се одржат во повеќе дисциплини.

284551833 396613182497649 1923409996303441341 n

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…