Денес НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа 1 октомври- Меѓународниот ден на старите лица со донација на над шеесеттина наслови во Приватната установа за социјална заштита на стари лица- Дом Софија.

310284037 473745464794443 65632004407723843 n

Книгите ги предаде директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“- Битола м-р Бојан Стефановски при што истакна:„ Ајде да ги поттикнеме нашите деца, нашите блиски, општествено одговорните приватни компании, образовните институции и сите други да почнеме да се грижиме за старите лица, и тоа како што би сакале да се грижат за нас кога ќе ги надраснеме нивните години. Јас знам дека сите заедно можеме повеќе, и како граѓани и како институции!”

309526688 473745034794486 6109338193812267536 n
310069267 473744918127831 1437042287600981302 n

На овој настан присуствуваше и писателката Славица Гаџова Свидерски која им прочита неколку нејзини поеми. Библиотекарите во секое време се стремат да остварат прекрасни работилници па заедно со писателката и тие им прочитаа прекрасен расказ за тоа колку може да се научи од возрасните.

309618078 473745868127736 7047261123629762164 n

„Низ пријатен разговор се запознавме со корисниците на установата, кои се прекрасни личности од кои може многу да се слушне за животот и да се научи. Им посакуваме уште многу заеднички дружења и во иднина да ни останат со добро здравје“, велат од библиотеката.

    Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
    Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
    Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
    Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…