1 1

Да се биде Битолчанец не е само чест, туку и обврска, секогаш да се придонесува, да се чува и да се прави Битола поубаво место за живеење. Со таа мисла, повторно оживува силната врска меѓу музиката, градот и навивачкиот дух, преку новата песна на Чкембарите, „Битолска Крв (Ко вчера да беше)”.

Песната ја опишува приказната на Чкембарите, од нивното формирање во 1985 година, па се до денес. Во неа се сплетени спомени, случки и емоции кои остануваат засекогаш впишани во душата на Битола.

Текст: Коки и Дакун
Музика и аранжман: Горан Мицевски Кус
Вокал: Марјан Ѓакoвски

„Битолска Крв” не е само песна, таа е музички манифест на припадност, љубов и сеќавање. Со неа се овековечуваат случките, генерациите и незаборавните моменти што го изградиле препознатливиот дух на Чкембарите.

Песната е посветена на сите генерации што со гордост го носеле името на Чкембарите, а со посебна почит и благодарност на браќата што повеќе не се меѓу нас. Нивната љубов кон Битола и оставената трага ќе живеат засекогаш.

Со моќен текст и автентичен музички израз, делото ја преточува силната енергија на битолскиот дух и потсетува дека, без разлика каде сме, Битола е секогаш во нашите срца.

„Битолска Крв” е симбол на припадност, братство и љубов што ги обединува сите што го носат името Битолчанец.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…