Подарете си го себе најдобриот и најтоплиот подарок што ќе ви ги згрее душите и срцата.
Бадник, денот пред христовото раѓање, денот кога во целиот свет избил тотален мрак. Се појавила сјајна жолта ѕвезда која ја виделе сите, ја виделе мудреците од исток кој носеле со себе како дар смирна и темјан, ја виделе луѓето, ја видел светот. Таа ѕвезда била единствената која постоела како знак дека ден по мракот ќе настане светлина, дека Христос ќе се роди. Денот пред да се роди Христос – ние сме оние кој треба да ја прошириме радосната вест, да пееме гласно да се чуе до небото како чета ангелска со најсјаните ѕвезди дека нов цар се родил во пештера.
Утре, 6 јануари 2024 година, на Бадник ќе тргне Бадниковата поворка во 11часот од пред Офицерскиот дом.
Бадникова поворка Битола 2023
Posted by Читај бе on Friday, January 6, 2023