Ансамблот Македонија на 25-ти Јули со почеток од 20 часот, ќе ја отвори изложбата и музичкиот перформанс Мултимедијален проект на градската традиција. Целиот настан ќе се одржи во фоајето и спратот на Офицерскиот Дом. На настанот ќе бидат прикажани костими од периодот на Ала Франга со потекло од крајот на XIX и почеток на XX век. На изложбата ќе бидат прикажани најрепрезентативните облековни елементи кои се носеле во градовите Битола, Прилеп и Скопје. Од музичката култура ќе има презентација на чалгиската традиционална култура претставенa преку песните и ората кои биле на репертоарот на повеќе градски центри се до почетокот на XX век. Дојдете и уживајте во презентацијата на облековните делови Полка, Минтан, Фустан, Сетре, Салтамарска, Тафта, Џубе, Фрак, Цилиндер, а исто така и во музичката култура, Адана, Јени Јол, Мори Јаглико, Пештреф, Кавала, Пред куќана имат, Невестинско венчално, Ќе ти купам широк фустан.

Мултимедијален проект за градската култура, Ансамбл „Македонија“ Скопје

25 јули, Офицерски дом – Битола, 21 часот

294213293 2591832207617320 7435333455756572658 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…