ad esm 1

АД ЕСМ, како општествено одговорна компанија, ги следи современите трендови и потреби од електро-енергетскиот сектор, вложувајќи во развој на нови стручни профили. Со денешното доделување на вкупно 11 стипендии е продолжена долгогодишната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, поточно со Техничкиот факултет.

Покрај директните инвестиции, АД ЕСМ индиректно вложува и во идниот кадар. Денес беа доделени пет нови стипендии, а истовремено беа обновени и шест договори за стипендии на студенти од Техничкиот факултет – Битола. Стипендијата изнесува 80.000 денари годишно, односно по 8.000 денари месечно во текот на 10 месеци. Право на продолжување на стипендијата имаат студентите кои го задржале потребниот критериум – просек не помал од 8. Истите услови важат и за новите пет стипендисти, со кои АД ЕСМ денес потпиша договор во просториите на Подружница РЕК Битола.

photo 2025 10 31 09 39 49

Техничкиот факултет во Битола со своите наставни програми континуирано се усогласува со потребите на електро-стопанството, поради што новите пет стипендии се наменети за студенти од отсеците: мехатроника, електроенергетски системи и обновливи извори на енергија. Обновените шест стипендии се за студенти од студиската програма машинство.

„Нашата визија како компанија е континуирано инвестирање во производствените капацитети и во соодветен стручен кадар кој ќе управува со нив, со цел непречено функционирање, одржливи резултати и стабилен енергетски систем во државата“, истакнуваат од АД ЕСМ.

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…