По повод одбележувањето на 21 Септември, Светскиот ден на мирот, а во чест на Татјана Петрова, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“, организира награден ликовен конкурс на тема: „Цртаме за мир“.

Денот на мирот секоја година традиционално се одбележува со цртање, но оваа година по втор пат, настанот ќе биде одбележан со награден ликовен конкурс во чест на упокоената, почитувана Ротаријанка Татјана Петрова.

Целта на овој ликовен конкурс е да се поттикне креативноста кај децата и младите, како и да се поттикне нивниот интерес кон ликовната уметност, но и да се подигне свеста за важноста и значењето на мирот во светот.

Конкурсот е наменет за ученици од 1-9 одделение од основните училишта, ученици од 1-4 година во средните училишта од Битола.

Право на учество во конкурсот имаат сите млади до 18 години. Заинтересираните може да учествуваат со цртежи изработени во која било техника, форма и големина.

Наградата ќе го носи името Татјана Петрова, член на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, која трагично го загуби животот во борбата со Ковид-19.

На задната страна на секој цртеж треба да има:

– Име и презиме на ученикот и контакт телефон;

– Училиште во кое учи;

Конкурсот за доставување на поетски творби започнува од 13.09.2022 година и ќе трае до 22.09.2022 година. Секој учесник има право да учествува со една ликовна творба на тема за мирот.

Цртежите ќе се доставуваат во просториите на МКЦ Битола (улица: Цар Самоил бр. 29)- Битола, секој работен ден од 09-16 часот.

Изложбата од сите пристигнти цртежи ќ биде поставена во малата сала на Музеј Битола на ден 25.09.2022 година

Истиот ден ќе бидат прогласени и наградените учесници

    Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
    Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
    Не е болест сѐ што боли – цитати за глупавоста
    Во овој материјален свет каде духовниот аспект на човекот отсекогаш бил потценет …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…