Центарот за европски развој и интеграција од Битола го реализира 10-тото јубилејно издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА кое се состои од 54 фотографии кои ја раскажуваат приказната за Битола од 2013 до денес. Свеченото отворање ќе се одржи на 12.09.2022, понеделник, во 20:00 часот во фоајето на НУ Центар за култура Битола.

viber image 2022 09 11 02 05 33 382

„Со Љубов од Битола – Ода за нашата Битола низ фотографии. На годинешниот конкурс свои фотографии испратија 32 фотографи. Пристигнаа околу 90 фотографии и кога би имале неограничен фонд сите 90 би ги изработиле како приказни за бисерите на Битола  кои може да си ги обесите на ѕид. Но, нашиот буџет е ограничен и како минатите девет години така и оваа стручното жири кое годинава го сочинуваа Роберт Јанкуловски , Весна Пукич и Симона Калица ја имаа задачата да селектираат двасеттина фотографии од кои три фотографии наградија со прво второ и трето место“, велат од ЦЕРИ.

viber image 2022 09 11 02 06 07 073

Времето е четвртата димензија која единствено се мери преку фотографијата. Архитектонските симболи на еден град се сведоштво за начинот на кој луѓето го минуваат својот живот и нештата кои ги оставаат зад себе, а фотографите се тие кои ловејќи ја светлината создаваат визуелно сведоштво за тоа што е сега и овде, и се ризницата која го чува споменот за она што било и што веќе не е. „Со Љубов од Битола“ е ризница од преку 1000 фотографии за тоа како се менува Битола во изминатите 10 години и како битолчани го живеат својот живот. За оваа 2022 година стручното жири од пристигнатите 90 селектира 23 фотографии од 17 автори, кои се сведоштво за архитектонските симболи на Битола.

viber image 2022 09 11 02 05 32 442

Реализацијата на ова 10-то јубилејно издание ја поддржаа Министерство за култура, НУ Центар за култура Битола , Општина Битола – Бит ФЕСТ и SAVA PENZISKO.

    Марија Стојановска најдобар оратор на УКЛО ТРИВИУМ 2026 
    Во организација на УСС УКЛО, на 29 април 2026 година се одржа …
    Морето го менува начинот на кој размислуваме – и тоа е научно докажано
    Научниците открија дека морето има длабоко влијание врз нашиот мозок и ментално …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…